AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.
Во потрага сме по квалификуван проект асистент кој ќе има придонес во растот и успехот на Аитоникс, а воедно ќе ја негува и одржува позицијата како иновативен и клучен фактор во ИТ секторот. Во позиција на Проект асистент, главна одговорност ќе биде директната поддршка на Проект менаџерот, преку координација на активности поврзани со проектите, овозможувајќи континуитет и ефикасност од почеток до завршување на проектите, со јасна комуникација на сите вклучени страни. Покрај тоа Проектниот асистент треба да биде добро организирана личност која истовремено ќе раководи повеќе проекти во брзa, динамичка средина, а воедно е и отворена кон промени и предизвици.
Главни одговорности:
- Му помага на проект менаџерот во успешноста на целиот процес на доделениот проект, од почеток до завршување на истиот
- Ги обезбедува сите потребни документации и ја потврдува нивната точност и доставеност до соодветните канали и институции
- Води евиденција и ги следи проектните планови и проектна документација
- Го координира процесот на консултации со сите соработници, обезбедувајќи точни и сигурни одлуки и соодветна документација
- Помага во проектот преку комуникација и интеракции со клиентите и одговорен е за навременоста на работните задачи во однос на нивно завршување и испраќање на истите
- Активна вклученост во процесот на работа притоа обезбедувајќи соодветна поддршка на проектниот менаџер
- Ги следи промените и прогресот на сите нови и тековни проектот и прави ажурирања и соодветни измени на дневна основа
- Работи под временски ограничувања за исполнување на одредени временски рокови
- Ги почитува и применува сите политики и процедури согласно законските барања
- Вклучен е во процедурите за јавни набавки
Потребни квалификации:
- Пожелно е високо образование во областа на информатичките науки и компјутерско инженерство
- Пожелно е претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Соодветно познавање на законот и регулативите за јавни набавки
- Исклучителни комуникациски и меѓучовечки односи
- Способност за аналитичко и критичко размислување
- Одлични организациски вештини, со внимание на детали и мултитаскинг вештини
Доколку се вклучите во нашиот тим, нудиме можност за равивање на вашиот потенцијал, работејќи во:
- Една од најголемите ИТ компании за дистрибуција и софтверски решенија
- Здрава средина за развој и иновации, која ја карактеризира нашата корпоративна култура
- Дел од извондреден тим на професионалци, чиишто вредности и култура се препознатливи за оваа индустрија
- Можност за работа во средина која нуди личен и професионален развој
Доколку сте заинтересирани, ве молиме да го поднесете вашето CV во електронска верзија на е-mail careers@aitonix.mk со назнака – Апликација за Проект асистент.
Comments are closed.