AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Бугарија, Србија). Благодарение на нашите вредности и посветеност кон квалитет, веќе 25 години сме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на водечки светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Motorola, Philips, Xerox и други.
Поради зголемен обем на работа, имаме потреба од Маркетинг Асистент.
Потребни квалификации:
- Познавање во областа на маркетинг (со фокус на дигитален маркетинг)
- Познавaње на алатки за графички дизајн, како: Adobe Photoshop, Illustrator и слични
- Креативност, внимание на детали и чувство за визуелна естетика
- Одлично познавање на англиски јазик (писмено и усно)
- Одлично познавање на MS Office апликации (Word, Excel, PowerPoint, Outlook)
- Одлични комуникациски, презентациски и аналитички вештини
- Искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Високо образование од областа на маркетинг, комуникации, дизајн или сродни области ќе се смета за предност
- Основно познавање на видео едитинг (Premiere Pro, CapCut, или слично) ќе се смета за предност
Главни одговорности и обврски:
- Поддршка при планирање и спроведување на различни маркетинг активности во согласност со маркетинг стратегијата на компанијата и брендовите со кои соработува
- Изработка на визуелен материјал (банери, постови, newsletters, branding и слично)
- Комуникација со надворешни партнери, подизведувачи и медиуми
- Подршка при управување и одржување на содржините на веб-страницата на компанијата, како и на нејзините страници на социјалните медиуми
Доколку сметате дека оваа позиција е соодветна за вас, имате желба за работа и усовршување во светот на маркетингот, испратете ни ја Вашата кратка биографија на e-mail: careers@aitonix.group со назнака – Апликација за “Маркетинг Асистент”


Comments are closed.