AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Бугарија, Косово и Србија). AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Motorola, Philips, Xerox итн. Во својата 25 годишна историја компанијата посветено негува бизнис култура базирана на висок квалитет на услугите и професионален однос кон клиентите. Поради зголемен обем на работа, АITONIX има новоотворена работна позиција за “Помлад сметководител” во одделот за финансии и сметководство.
Главни одговорности:
- Познавање на материјално и финансово работење;
- Контрола на влезни и излезни документи;
- Изготвување излезни фактури кон коминтенти;
- Сложување на аналитички картици со коминтенти;
- Евиденција на денарски и девизни изводи;
- Подготовка и евидентирање на компензации;
- Комуникација со клиенти;
- Останати сметководствени активности;
Потребни квалификации:
- Пожелно е завршено високо образование од областа на економски науки;
- Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот;
- Познавање на англиски јазик (вербална и писмена комуникација);
- Пожелно претходно работно искуство;
- Тимски играч, самоиницијативен и со истакнати аналитички способности;
Што нудиме:
- Конкурентна плата.
- Можности за професионален развој и напредок.
- Работа во позитивна работна средина со искусни професионалци.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете Ваша биографија (CV) и мотивационо писмо на careers@aitonix.group најдоцна до 03.03.2025 со задолжително наведување на назнака “Апликација за Помлад сметководител“.
Ќе бидат контактирани кандидатите кои одговараат на барањата за соодветната работна позиција.
Jа очекуваме вашата апликација!
Comments are closed.