AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија и Србија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.
Поради зголемен обем на работа, АITONIX објавува оглас за вработување на работна позиција:
СЕРВИСЕР ЗА ПРИНТЕРИ
ВО СЕКТОР ЗА СЕРВИС И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Главни одговорности:
- Инсталирање, одржување, поправки, ревизии и редовни прегледи на принтери;
- Дијагностицирање на настанати дефекти;
- Сервисирање на постоечки принтери со замена на делови и потрошни материјали;
- Редовно и уредно следење на работните налози;
- Техничка подршка на корисници, комуникација поврзана со временски рокови и статус на уредите оставени за сервис;
- Континуирано учење за категоријата и брендот на уреди/опрема кои ги сервисира;
Потребни квалификации:
- Завршено ССС образование;
- Работно искуство за сервисирање на принтери ќе се смета за предност;
- Основно познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија;
Доколку сте во потрага по професионален предизвик, мотивирани кон успех, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: careers@aitonix.mk, со назнака: “Сервисер за принтери”.
Comments are closed.