AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Бугарија, Косово и Србија). AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Motorola, Philips, Xerox итн. Во својата 25 годишна историја компанијата посветено негува бизнис култура базирана на висок квалитет на услугите и професионален однос кон клиентите.
Поради зголемен обем на работа, АITONIX има новоотворена работна позиција за „СОРАБОТНИК ЗА ПРАВНИ РАБОТИ“. Доколку сте искусен и посветен правник кој сака да работи во професионална и мотивирачка средина, ние Ви нудиме одлична можност за вработување!
Одговорности:
- Изработка и проверка на договори кои ги склучува компанијата.
- Правни совети, анализи и консултации за потреби на функционалните сектори во компанијата.
- Подготовка/анализа на интерни документи, кореспонденција и друга правна документација.
- Управување со правни документации и евиденција.
- Преземање други правни активности согласно потребите на компанијата.
Нашите барања:
- Дипломиран правник (положен правосуден испит е предност)
- Минимум 2 години искуство.
- Солидно познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint).
- Одлично познавање на законски регулативи.
- Способност за самостојно работење и донесување одлуки.
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
- Високо ниво на одговорност и доверливост.
- Познавање на англиски јазик.
Што нудиме:
- Конкурентна плата.
- Можности за професионален развој и напредок.
- Работа во позитивна работна средина со искусни професионалци.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете Ваша биографија (CV) и мотивационо писмо на careers@aitonix.group најдоцна до 09.02.2025 со задолжително наведување на назнака “Апликација за Соработник за правни работи“.
Ќе бидат контактирани кандидатите кои одговараат на барањата за соодветната работна позиција.
Jа очекуваме вашата апликација!
AITONIX