PHILIPS XB2122/09 – МОЌНО ЧИСТЕЊЕ, БЕЗ КОМПРОМИС
Издржлив дизајн на кој може да се верува!
Чистењето на домот не е само обврска, туку и важен момент за создавање на здрава и удобна животна средина. Правосмукалката, како еден од најмоќните и најпрактични сојузници во оваа секојдневна задача, претставува незаменлива алатка која овозможува ефикасно отстранување на прашината, нечистотијата и влакната од домашни миленици од различни површини. Независно од тоа дали се работи за подови, теписи или мебел, правосмукалката е неопходна за да го одржите домот чист и свеж. Затоа е многу важно да одберете правосмукалка која не само што ќе ви помогне да го исчистите домот, туку и ќе ви овозможи да го направите тоа брзо и лесно, без напор.
Создадени за ефикасно и хигиенско чистење на подот, а не само на прашината, Philips правосмукалките ја претвораат нечистотијата во минато, а подот блеска, подготвен за новите секојдневни предизвици. А доколку ви треба правосмукалка која има висока моќ на всмукување, неверојатно е лесна за користење, и притоа може да ја купите по супер цена, Philips XB2122/09 е вашиот вистински избор!
Зошто?
Со PowerCyclone 4 технологијата и повеќенаменскиот додаток, Philips XB2122/09 е
правосмукалка која обезбедува извонредни резултати на сите видови подови, осигурувајќи ефективност и удобност при секој циклус на чистење.
- Има компактен дизајн и е неверојатно лесна за пренесување од една во друга просторија;
- Високо ефикасниот мотор од 850 W развива голема моќ на вшмукување за одлични резултати во чистењето. Дури и кога е полна, правосмукалката не губи моќ на вшмукување;
- Има канистер за прашина, нема вреќички кои треба да се докупуваат;
- Заедно со цревото и додатокот за чистење обезбедува 9 метри радиус за маневрирање што дополнително го олеснува чистењето;
- Испушта до 99% чист воздух;
Со напредната технологија и разните додатоци, Philips XB2122/09 е правосмукалка која се прилагодува на сите типови површини и потреби, обезбедувајќи беспрекорен резултат. А нејзиното купување претставува мала инвестиција која ќе го направи вашиот живот поедноставен и ќе ви овозможи да го уживате секој момент во вашиот прекрасно исчистен дом.
Каде може да се купи?
Philips XB2122/09 моментално е достапна во сите Тинекс маркети по одлична ПРОМО цена.
За повеќе информации во врска со уредите од Philips, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС или на email адреса sales@aitonix.group.


Comments are closed.