AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Бугарија, Косово и Србија). AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Motorola, Philips, Xerox итн. Во својата 25 годишна историја компанијата посветено негува бизнис култура базирана на висок квалитет на услугите и професионален однос кон клиентите.
Поради зголемен обем на работа, АITONIX има новоотворена работна позиција за „ЈУНИОР ПРОДУКТ МЕНАЏЕР“. Доколку сте комуникативни, аналитични и имате желба да работите во брзорастечка и иновативна средина, ова е вистинската можност за вас!
Одговорности:
- Асистирање на продукт менаџерот во планирање, развој и извршување на стратегиите за управување со производи.
- Следење и анализа на пазарот, конкуренцијата и потребите на клиентите.
- Следење и креирање на документација и извештаи, поврзани со продажбата на производите.
- Изготвување на презентации за производите за кои е задолжен и нивно претставување во партнерски продажни места.
- Поддршка во решавање на секојдневни оперативни задачи поврзани со производите.
- Патување во рамки на државата при потреба.
- Комуникација и координација со интерните тимови и надворешните партнери.
Нашите барања:
- Завршено високо образование (претпочитано во економија, менаџмент, маркетинг или слична област).
- Одлични аналитички и организациски вештини.
- Солидно познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint).
- Возачка дозвола “Б” категорија.
- Одлично познавање на англиски јазик (усно и писмено).
- Способност за работа во тим и адаптибилност во динамична средина.
- Претходно искуство на иста позиција не е задолжително, но ќе се смета за предност.
Што нудиме:
- Конкурентна плата и можност за бонуси.
- Можности за професионален развој и напредок.
- Работа во позитивна и поттикнувачка работна средина.
- Пристап до тренинзи и обуки.
- Работа со искусни професионалци, кои ја раководат дистрибуцијата на најпознатите светски ИТ брендови.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете Ваша биографија (CV) и мотивационо писмо на careers@aitonix.group најдоцна до 02.02.2025, со задолжително наведување на назнака “Апликација за Aсистент Продукт Менаџер“.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои одговараат на барањата за соодветната работна позиција.
Jа очекуваме вашата апликација!
AITONIX