Во современиот свет на дигиталното работење, сите организации се соочуваат со голем број ризици кога станува збор за заштита на податоците. Овие ризици може да бидат внатрешни, предизвикани од вработените или надворешни, предизвикани од сајбер-криминалци, па дури и од нивните сопствени клиенти. Тие можат да бидат намерни, или пак случајни дела на небрежност и човечка грешка. Без оглед на мотивацијата, сајбер-заканите можат да бидат апсолутно уништувачки како за организациите така и за поединците.
Токму затоа, податоците сега се највредниот ресурс на светот. Тие се во основата на скоро сите деловни операции и донесување одлуки. Растот на податоците е експлозивен, двојно се зголемува во обемот на секои две години. Ефективната компјутерска заштита е сè понеопходна за да се заштитат организациите, луѓето и воопшто целото општество.
Со какви проблеми се соочуваат бизнисите денес?
Потенцијалот за загуба на податоци, истекување, корупција, манипулација и кражба никогаш не бил поголем. Податоците сè повеќе се во центарот на секојдневното деловно работење, а компаниите генерираат неверојатни количини – од кои голем дел се многу чувствителни и може да содржат лични информации за клиенти и вработени.
Во меѓувреме, сајбер-криминалците користат автоматизација за да создадат и повторуваат нови сајбер-закани со неверојатна брзина. Тие ги персонализираат своите напади со информации минирани од веб-страниците на компанијата и социјалните медиуми, предизвикувајќи ја љубопитноста на нивните цели и примамувајќи ги да ја остават својата подобра проценка настрана и да отворат сомнителни хиперлинкови или прилози за е-пошта.
Управувањето со безбедноста преку повеќе алатки е заморно и станува се помалку ефикасно. Со обединување на заштитата на податоците и сајбер-безбедноста, за да се заштитат податоците, апликациите и системите, ризикот од сајбер-напади се намалува. Само интегрираните решенија за сајбер-заштита можат да обезбедат ефективна безбедност за целокупниот современ обем на работа во повеќе домени и да бидат во чекор со ризикот презентиран од еволуирани, врвни сајбер-закани. Унифицираниот пристап на Acronis овозможува лесна, ефикасна и безбедна сајбер-заштита за организации и бизниси од која било големина.
За повеќе информации во врска со решенијата од Acronis контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС, јавете се на +389-(0)2-329-8338 или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk
Comments are closed.