AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди. Поради зголемен обем на работа, објавува оглас за вработување на работна позиција
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Образование од областа на економијата (ССС или ВСС)
- Активно познавање на актуелната сметководствена регулатива и следење на сметководствени стандарди
- Напредни познавања на Microsoft Office апликации
- Работно искуство со материјално и сметководствено работење
- Познавање на Англиски јазик
- Активно следење и познавање на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството;
Основни задачи и одговорности:
- Водење на материјално и финансиско сметководство
- Книжење на влезни и излезни фактури
- Комуникација со клиенти во делот на финансиските прашања
- Книжење на изводи
Личен профил:
- Одлични комуникациски вештини и способност за работа во тим, љубезност, трудољубивост, совесност
- Одговорност во извршувањето на задачите и проактивен пристап кон работата.
- Одговорна и лојална личност
- Високо развиени аналитички и комуникациски способности
- Упорност и насоченост кон остварување на резултати
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи
- Способност за индивидуална и тимска работа
Ние нудиме:
- Работа во пријатна работна средина,
- Мотивирачка плата,
- Можност за кариерен развој и напредок.
Доколку сте во потрага по професионален предизвик и мотивирани кон успех испратете го вашето CV на careers@aitonix.mk со назнака “Сметководител”, најдоцна до 30.11.2020.
Само потесно селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор
Comments are closed.