Модерното студирање бара повеќе од обичен уред – бара сигурен партнер кој го следи секое темпо. Од брзо пишување забелешки и истражувачки трудови, преку онлајн предавања, до заслужено вечерно уживање со омилениот филм или серија – со Lenovo Idea Tab Pro Gen 2 го добивате сето тоа без компромис.
Моќ без оправдување
Во срцето на уредот чука Snapdragon™ 8s Gen 4 процесорот со осум јадра и напредна NPU, кој обезбедува брза и стабилна работа дури и при најинтензивно мултитаскирање. Со прединсталиран Android™ 16 и паметни алатки како Smarter Reader, MyScript Notes и Google Gemini, организирањето на белешки и совладувањето на наставниот материјал никогаш не биле полесни.
Меморија за сè – без жртвување
До 12GB RAM меморија која обезбедува непречена работа со повеќе апликации истовремено, додека до 512GB складишен простор ги чува сите скрипти, презентации, фотографии и видеа на едно место. Со MicroSD слот со поддршка до 2TB, простор навистина нема да ти недостасува.
Екран што импресионира
Врвниот 13-инчен дисплеј со 3.5K резолуција (3504 x 2190), 144Hz стапка на освежување и 99% DCI-P3 покриеност на бои нуди кристално јасна слика за учење, истражување и забава. За студентите кои поминуваат долги часови читајќи, специјалното Matte Edition доаѓа со мат екран кој го намалува отсјајот и го заштитува видот – со искуство слично на читање на хартија.
Звук и продуктивност на исто ниво
Четири JBL звучници со Dolby Atmos® технологија и двоен микрофон гарантираат чист, богат звук – идеален за онлајн состаноци, музика или филмови. Во пакет со Lenovo Tab Pen Plus и 2-во-1 тастатура (зависно од моделот), таблетот се претвора во вистински лаптоп секогаш кога е потребно.
Секогаш со тебе, цел ден
Дебелина од само 6,20 mm и тежина од 598 грама го прават Idea Tab Pro Gen 2 идеален за носење од факултет до библиотека и кафуле. Батеријата од 10.200 mAh со 45W брзо полнење обезбедува доволно енергија за цел работен ден – без потреба да барате штекер.
Lenovo Idea Tab Pro Gen 2 е уред создаден за студентскиот живот: моќен, лесен за носење и подготвен за секој предизвик!
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group

