PowerScale ви помага да ја отклучите структурата во вашите податоци и да одговорите на предизвиците преку управување со неструктурираните податоци. PowerScale е следната еволуција на OneFS – оперативниот систем што ја напојува водечката во индустријата scale-out NAS платформа. PowerScale семејството вклучува Isilon јазли, PowerScale јазли и PowerScale OneFS кои поминуваат низ сите нив. Дефинираната софтверска архитектура на OneFS ви дава едноставност во скалирањето, интелигентен увид и можност да ги имате било кои податоци онаму каде што се потребни.
Тоа не се само податоци, тоа е вашиот бизнис!
Голем дел од вашите податоци се неструктурирани податоци и таа база експоненцијално расте, не само во центарот за податоци, туку и кај крајните податоци и на cloud. PowerScale решенијата се дизајнирани за организации кои сакаат да управуваат со сите свои податоци, не со нивното складирање. Овие системи се моќни, но едноставни за инсталирање, управување и скалирање виртуелно до било која големина.
Зад високо-скалабилното, модуларно решение за складирање на податоци со високи перформанси, оперативниот систем OneFS ја обезбедува интелигенцијата која може да расте со вашиот бизнис. Со поддршка за all-flesh и NVMe, OneFS може да ви помогне да ги забрзате процесите и работните текови, додека лесно скалирате за да се справите со масивниот раст и да обезбедите највисоки нивоа на заштита.
Зошто PowerScale?
- Ви овозможува да иновирате со вашите неструктурирани податоци
- Да одговорите на предизвиците преку управување со вашите неструктурирани податоци
- Новите NVMe PowerScale јазли овозможуваат високи перформанси за складирање на податоци
- Едноставно управување со крајните податоци, центарот за податоци и cloud
- Масивен капацитет и приспособливост на перформансите
- Намалени трошоци со неспоредлива ефикасност на складирање на податоци, дедуплирање и компресија
- Оптимизирање на ресурсите со нивоа на складирање на all-flash, хибридни и архивски јазли
- Оперативна флексибилност со поддршка на мултипротокол
- Висока достапност и еластична заштита на податоците
Сториџот PowerScale ви овозможува креирање на едноставни, enterprise data lake податоци, за да се справите со разновидните и тешки работни оптоварувања во физички околини и на cloud со складирање на податоци за 6×9 достапност.
Со фокус на едноставност, флексибилност и безбедност ќе може помалку да се грижите за складирањето на податоци додека им давате моќ на вашите тимови да иновираат со податоци и да го отклучат вистинскиот потенцијал.
Comments are closed.