Со иновативни решенија кои го поддржуваат вашето работење можете да направите повеќе, од било кое окружување. Имањето на вистинскиот лаптоп ќе ви овозможи максимална продуктивност без разлика дали работите од дома или од канцеларија. Сè што ви е потребно е интелигентен, интуитивен и респонзивен уред кој ќе ви овозможи да работите продуктивно и без прекини.
Со прекрасен дизајн, најнова генeрација на процесор и батерија која трае до 30 часа, Dell Latitude 9510 е бизнис лаптоп создаден за продуктивност!
Најновите процесори од 10-та генерација Intel® Core™ i7 vPro® обезбедуваат беспрекорни перформанси, лесно управување, вградени безбедносни карактеристики и стабилност.
Одликувајќи се со Dell Optimizer, вградена AI која се прилагодува на уникатниот начин на работа на секој корисник, премиум звучник со интелигентно аудио и 5G дизајн овој уред може да се конфигурира како лаптоп или 2-во-1.
Dell Optimizer е прва од таков вид AI платформа која учи како корисникот работи и континуирано се прилагодува на неговиот стил за да создаде попаметно, поперсонализирано и попродуктивно искуство. Dell Optimizer овозможува експресен одговор, експресно најавување, експресно полнење и звучник плус интелигентно аудио.
Latitude 9510 е исто толку елегантен, колку што е и пренослив. Изработен од CNC алумуниум, со фини детали овој лаптоп има премиум дизајн, неверојатно пријатен на допир. Тој е најмалиот, најлесниот и најинтелигентниот бизнис лаптоп со 15-инчен InfinityEdge екран. Иновативното Corning® Gorilla® Glass DX стакло обезбедува до 9% намалување на рефлексиите, а екранот е поиздржлив, со 15X подобра отпорност на гребење и скоро 2X помалку подложеност на пукнатини. Super Low Power Panel овозможува заштеда на батеријата, а капакот на веб-камерата обезбедува поголема приватност.
Доколку барате совршен бизнис лаптоп, Dell Latitude 9510 е вашиот одличен избор!
За повеќе информации во врска со уредот контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС, јавете се на телефонскиот број: +389-(0)2-329-8338 или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk
Comments are closed.