Новите Latitude лаптопи се опремени со најновите процесори од 11-та генерација Intel® до Core™ i7 vPro®. Сериите 9000 и 7000 се дизајнирани за Evo™ vPro® платформата.
Создадени да ги задоволат потребите на IT и корисниците, новите Latitude лаптопи со Intel® Evo™ vPro® платформа обезбедуваат исклучително искуство:
- Безбедносни карактеристики засновани на хардвер
- Бизнис-класа перформанси
- Далечинско управување
- Најсовремено Wi-Fi
- Долго траење на батеријата
Иновациите на камерата овозможуваат остри визуелни слики при слаба осветленост, истовремено обезбедувајќи извонредна резолуција. Првата веб-камера во индустријата SafeShutter автоматски се отвора и затвора или пак може да ја преземете контролата со безбедна камера и копчиња за исклучување на микрофонот. Интелигентното аудио го подобрува квалитетот на звукот и ги намалува позадинските звуци.
Малите и лесни системи со експанзивни екрани со тенки рамки се опремени со иновации за термичко ладење за подобри перформанси. Со ComfortView Plus ќе уживате во живописни бои и намалени штетни емисии на сина светлина.
Оптимизирајте го работењето со Dell Optimizer
ExpressResponse – Поставете приоритет на вашите најважни апликации со технологијата Intel® Adaptix™, за побрзо да се отвараат и подобро да работат.
ExpressCharge – Dell Optimizer го продолжува времето на работа и ги подобрува перформансите на батеријата прилагодувајќи се на вашите потреби, обезбедувајќи до 80% полнење во рок од 40 минути на серијата 9000.
ExpressConnect – Автоматски поврзете се со најсилните точки за пристап во канцеларијата и давајте приоритет на пропусниот опсег за конференциски апликации, каде и да работите.
Во новото Latitude семејство, стилот се спојува со функционалноста во најинтелигентните бизнис лаптопи со вградена вештачка интелигенција.
За повеќе информации во врска со уредите контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС, јавете се на +389-(0)2-329-8338 или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk
Comments are closed.