Во време кога податоците се највредниот капитал на секоја организација, ефикасната и доверлива заштита не е луксуз туку неопходност. Dell PowerProtect Data Domain DD6410 backup appliance го поставува новото ниво на перформанси, безбедност и оптимизација во backup инфраструктурата, дизајниран да им одговори на реалните предизвици на современите компании: експлозија на податоци, зголемени барања за сигурност и потреба за непречена скалабилност.
Зошто токму DD6410?
- Максимална ефикасност со помал трошок
Благодарение на напредната дедупликација до 65:1, DD6410 драматично го намалува просторот потребен за складирање, што директно ги намалува трошоците за инфраструктура. Помал простор – помала инвестиција – поголема добивка.
- Брзина што ја чувствуваш
Со пропусна моќ до 66.8 TB/час, резервните копии и обновите се завршуваат неверојатно брзо. Ова значи минимален downtime, побрзо закрепнување и висока продуктивност дури и при големи обеми на податоци.
- Скалабилност без ограничувања
DD6410 расте со твојот бизнис.
– До 256 TB usable capacity локално
– До 768 TB со Cloud Tier
– И до 49.9 PB логички капацитет
Компаниите повеќе не мора да се грижат дали нивната backup платформа ќе може да го следи нивниот раст, DD6410 е дизајниран токму за тоа.

PowerProtect Data Domain DD6410 backup appliance
Вградено ниво на безбедност што штити од сите закани
Денешниот свет носи ризици како ransomware, корупција на податоци и неовластен пристап. DD6410 ги елиминира тие ризици со:
- Secure Boot и Hardware Root of Trust
- End-to-end енкрипција
- Retention Lock за правно и долгорочно заштитено складирање
- Data Invulnerability Architecture, која постојано го проверува интегритетот на податоците
Со други зборови, податоците се безбедни, непроменети и секогаш достапни.
Подготвен за хибридни и cloud архитектури
Со Cloud Tier поддршката, DD6410 овозможува беспрекорно проширување кон cloud за архивирање, долгорочно складирање или оптимизација на трошоци. Совршено се вклопува во модерните IT стратегии.
Флексибилност и компатибилност
Компатибилен е со најпознатите backup алатки и работи беспрекорно како дел од Dell PowerProtect екосистемот. Без компликации. Без ограничувања.
Dell PowerProtect Data Domain DD6410 не е само backup appliance, тоа е долгорочна инвестиција во стабилна, сигурна и оптимизирана инфраструктура за податоци. Идеален е за компании кои сакаат:
- побрзи и посигурни backup/restore операции
- значително намалени оперативни трошоци
- заштита од современи cyber закани
- решение што расте заедно со нивниот бизнис
DD6410 го поставува новиот стандард во backup технологијата и е вистински избор за организации кои не прифаќаат компромиси.
AITONIX АД е авторизиран дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за сториџи, сервери, back up решенијиа како и commercial сегментот, бизнис производи лаптопи, десктопи, монитори итн. АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
Dell Technologies им помага на организациите и поединците да ја градат својата дигитална иднина и да го трансформираат начинот на кој работат, живеат и играат.
За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.


Comments are closed.