AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Motorola, Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија.
Поради зголемен обем на работа, АITONIX има новоотворена работна позиција за „Специјалист за Дигитален Маркетинг“. Бараме активна, комуникативна и амбициозна личност која совршено ќе се вклопи во нашиот тим од млади професионалци во секторот за Маркетинг.
Потребни квалификации:
- 1+ година искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Универзитетска диплома од областа на маркетинг или бизнис ќе се смета за предност
- Одличнo познавање во областа на дигиталниот маркетинг
- Активно познавање и користење на англиски јазик
- Одлични комуникациски, презентациски и аналитички вештини
- Познавање на програми за уредување на слики и видеа ќе се смета за предност
- Одлично познавање на апликациите на Microsoft Office (Word, Excel, Outlook, PowerPoint)
Одговорности и обврски:
- Планирање и спроведување на различни маркетинг активности во согласност со маркетинг стратегијата на компанијата и брендовите со кои соработува
- Подготовка, реализација и анализа на рекламни кампањи
- Управување и одржување на веб-страницата на компанијата, како и на нејзините страници на социјалните медиуми
Доколку сметате дека оваа позиција е идеална за вас, имате желба за работа и мотивираност за справување со нови предизвици испратете ни ја Вашата кратка биографија на e-mail: careers@aitonix.mk со назнака – Апликација за “Специјалист за Дигитален Маркетинг”
Comments are closed.