AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди. Поради зголемен обем на работа, објавува оглас за вработување на работна позиција
Front-End Developer
Потребни квалификации:
- Одлично познавање на JavaScript (Vanilla JS), jQuery, HTML 5, CSS, XML, JSON, REST API
- Солидно познавање на ASP.NET MVC, C#
- Познавање на EntityFrarmework, SQL и искуство со MS SQL Server
- Искуство од минимум 2 години во развој на софтвер
- Диплома за завршено високо образование во информатички технологии и компјутерско инжинерство или слично поле е пожелно, но не и задолжително
Ние нудиме:
- Можност за работа во пријателска средина
- Работа со водечките експерти во ИКТ индустријата во земјава
- Кариерен развој и постигнување на кариерни цели
- Мотивирачка плата
- Можност за работа на големи проекти за домашни и странски клиенти
Доколку оваа позиција претставува интерес за Вас и сметате дека одговарате на наведените барања, испратете го своето CV со назнака “Front-End Developer” на следната email адреса: careers@aitonix.mk.
Само потесно селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор
Comments are closed.