Интелигентната трансформација е веќе тука и сама по себе прави дигиталната трансформација да изледа како old school размислување. Но, ако вашиот бизнис е веќе вклучен во дигиталната трансформација, тогаш каде дигиталната трансформација запира и почнува интелигентната трансформација?
На 17.12.2019 во Ragusa 360 Rooftop, Lenovo и Aitonix, во заедничка соработка го одржаа настанот “Intelligent Transformation” со цел да им претстават на своите партнери и соработници нови искуства при користење на технологијата кои во целост го менуваат начинот на интеракција на бизнисот со светот. Интелигентната транформација покажува што сè е можно со вештачката интелигенција, поместувајќи ги границите на што сè е можно да се направи за луѓето.
Во првата сесија Lenovo ги претстави своите најнови бизнис уреди, системски решенија и серверски конфигурации кои со помош на вештачката интелигенција (AI) и интернетот на нештата (IoT) им овозможуваат на бизнисите да ја превземат контролата врз постојано непредвидливата иднина и да постигнат одлични резултати.
Во втората сесија имавме можност да ги запознаеме сите иновативни уреди и нивните неверојатни карактеристики наменети за крајни корисници, каде посебен фокус беше ставен на Yoga лаптопите. Во оваа сесија имавме можност да слушнеме и за најновите модели на смартфони од легендардниот бренд Motorola, кој од 2015 година е во сопственост на Lenovo.
Клиентите секогаш сакаат да постават јасни цели за нивните програми за трансформација, а резултатите отсекогаш биле двигатели на промените. Најголемите двигатели на интелигентната трансформација се вештачката интелигенција (AI) и интернет на нештата (IoT). Овие две технологии го менуваат светот многу брзо и единстветниот начин вашиот бизнис да биде во чекор со нив е и тој да се трансформира.
“Денес заедно со нашите партнери од Lenovo, претставивме нови практични, интелигентни начини за користење на технологијата во насока на исполнување на целите и обезбедување на долгорочен успех на бизнисите. Интелигентната трансформација е следниот неизбежен чекор кон попаметната иднина која следи.” – изјави Кирил Смилевски, продукт менаџер за Lenovo во AITONIX.
Comments are closed.