Lenovo и Sphere Entertainment Co. објавија дека, првпат во историјата, годишниот глобален иновациски настан Tech World ќе се одржи во футуристичкиот простор Sphere во Лас Вегас, токму на првиот ден од CES® 2026. Претседателот и извршен директор на Lenovo, Yuanqing Yang, ќе го одржи воведното излагање каде ќе ги претстави најновите технолошки достигнувања на компанијата, ќе ги најави новите производи и стратегии за развој и примена на вештачката интелигенција (AI) во сите сегменти на бизнисот и секојдневниот живот.
Tech World 2026 ќе биде посветен на темата „Smarter AI for all“, при што ќе се презентираат иновации кои веќе го менуваат спортот преку партнерствата со Formula 1® и FIFA. Lenovo ќе го претстави својот придонес во првото AI-поддржано Светско првенство во фудбал кое ќе се одржи следното лето, како и целосниот опсег на технологија која ја движи оваа трансформација. Lenovo, како официјален технолошки партнер на Sphere Studios, ќе ја користи сопствената технологија за поддршка на продукцијата и создавањето на имерзивни содржини кои ќе овозможат незаборавно искуство за присутните.
„Партнерството меѓу Lenovo и Sphere е важен чекор во воведувањето на напредни AI технологии кои не само што го трансформираат начинот на кој корисниците комуницираат со уредите, туку и како бизнисите ја користат технологијата за иновации. Оваа соработка ќе донесе нови можности за нашите клиенти и ќе ја зајакне позицијата на регионот како дел од глобалната AI и технолошка мрежа.“ – изјави Кирил Смилевски, комерцијален директор на AITONIX
Покрај воведното излагање, Tech World на CES ќе вклучи и панел дискусии со водечки технолошки лидери, партнери, уметници и влијателни личности, како и спектакуларен визуелен перформанс кој може да се доживее само во Sphere.
Настанот ќе се фокусира на тоа како Lenovo ја поврзува вештачката интелигенција со уредите, инфраструктурата и услугите за да креира иновативни решенија во различни индустрии — од паметни училници и прецизна здравствена заштита, до агилно производство и модерни работни места. Како глобален технолошки партнер на Formula 1®, FIFA World Cup 26™ и FIFA Women’s World Cup 2027™, Lenovo ја демонстрира својата способност да го револуционизира спортското искуство и да го донесе тоа и кај обичните корисници.
Воведната презентација ќе се одржи на 6 јануари 2026 година и ќе биде отворена за акредитираните CES посетители.
Со одржување на Tech World на CES, Lenovo ја потврдува својата позиција како светски лидер во иновациите, донесувајќи смели идеи и моќни технологии пред глобалната публика од деловни лидери, иноватори, медиуми и технолошки ентузијасти.
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.


Comments are closed.