Ако сте страстен гејмер кој бара совршен баланс помеѓу брзина, квалитет на слика и удобност, тогаш Lenovo Legion R27q-30 е вистинскиот избор за вас. Овој 27-инчен гејминг монитор комбинира напредни технологии за да ви обезбеди непречено и интензивно искуство во игрите.
Импресивен дисплеј со QHD резолуција
Legion R27q-30 доаѓа со 27-инчен IPS панел и QHD резолуција (2560 x 1440 пиксели), што значи дека ќе добиете неверојатно јасни и живописни слики. IPS технологијата гарантира широки агли на гледање и точни бои, што е одлично за долги гејминг сесии или гледање мултимедијални содржини.
Ултра-брза стапка на освежување и време на одговор
Една од најважните карактеристики на овој монитор е високата стапка на освежување ОС до 180Hz и времето на одговор од 0,5ms (MPRT), односно секое движење е прецизно, овозможувајќи ви да реагирате побрзо од противниците при динамични сцени.
AMD FreeSync™ Premium
Со поддршка за AMD FreeSync™ Premium, мониторот обезбедува синхронизација помеѓу графичката картичка и екранот, елиминирајќи го “image tearing” на сликата. Сертифициран е со ClearMR 7000, што дополнително ја подобрува чистотата и острината на брзите движења.
Динамичен HDR за подобар контраст
За да се подобри визуелното искуство, Legion R27q-30 е DisplayHDR400 сертифициран, што значи дека нуди подобрен контраст, поголема осветленост и подлабоки црни тонови. Ова ќе ви помогне да уживате во поголема реалистичност и длабочина на сликата.
Ергономски дизајн за максимална удобност
Мониторот не само што изгледа модерно, туку нуди и прилагодлив ергономски дизајн. Можете да го подигнете (135mm), наклоните (-5° до 22°), ротирате (-30° до 30°) или целосно свртите (-90° до 90°). Ова овозможува удобно гледање и спречува замор при долги гејминг сесии.
Разновидни конекции за секој уред
Legion R27q-30 има две HDMI 2.1 порти (2560 x 1440 @ 180Hz), DisplayPort 1.4 и 3,5 mm аудио излез, што значи дека можете лесно да го поврзете со повеќе уреди истовремено.
Lenovo Legion R27q-30 е одличен избор за сите кои бараат брз и квалитетен гејминг монитор. Со неговиот моќен хардвер и напредни технологии, тој гарантира дека секоја игра ќе изгледа и функционира беспрекорно. Доколку сакате да го подигнете вашето гејминг искуство на ново ниво, овој монитор е вашиот вистински избор!
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. Вршиме големопродажба и нудиме широко портфолио од Lenovo производи кои одговараат и на највисоките барања. Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.