Изминатата недела на CES 2025 во Лас Вегас, Lenovo како и секогаш ја презентираше иднината на технологијата со неколку производи кои ќе ја променат целата индустрија. Овие иновации не само што го дефинираат следниот чекор во светот на технологијата, туку го поставуваат новиот стандард за мобилност, креативност и продуктивност.
Од лаптопи кои ги поместуваат границите на мобилноста и перформансите до напредни AR решенија и ултра-флексибилни уреди, Lenovo покажа дека иднината на технологијата не само што е тука, туку е и подготвена за да го подобри секојдневниот живот. Овие производи не се само новитети – тие претставуваат вистинска револуција во начинот на кој работиме, учиме и се забавуваме.
Добредојдовте во новата ера на флексибилни лаптопи – ThinkBook Plus Gen 6 Rollable
ThinkBook Plus Gen 6 Rollable остави најголем впечаток на CES 2025, која ги менува правилата на играта. Со својот уникатен лизгачки екран кој се проширува вертикално од 14 до 16,7 инчи и се прилагодува според вашите потреби, овој лаптоп ги преминува сите граници на можностите. Овој револуционерен лаптоп комбинира врвна функционалност со иновативен дизајн, нудејќи нова димензија на динамичност во секојдневната работа. ThinkBook Plus Gen 6 Rollable не е само лаптоп – тоа е уред што се адаптира на вашите потреби и ја зголемува продуктивноста на ново ниво.
Редефинирање на професионалната продуктивност – ThinkPad X9 Aura Edition
Lenovo ја претстави најновата иновација во бизнис лаптопите, ThinkPad X9 Aura Edition, дизајнирани да ја подигнат продуктивноста на хибридните професионалци. Со Intel® Core™ Ultra процесори и напредни AI алатки како Lenovo AI Now, овие тенки и високо-перформансни лаптопи беспрекорно го оптимизираат текот на работа и автоматизацијата на задачите. Со неверојатни OLED дисплеи и сосема нов прогресивен дизајн, ThinkPad X9 Aura Editions ги комбинираат корпоративните безбедносни стандарди. Без разлика дали сте во канцеларија или на пат, ThinkPad X9 Aura Edition се создадени да ви помогнат да бидете чекор напред.

Lenovo ThinkPad X9 Aura Edition
Двојна моќ за беспрекорна продуктивност и креативност – Yoga Slim 9i
Yoga Slim 9i е вистински иновациски предводник, посветен на креативците и професионалците кои бараат флексибилност и стил. Првиот лаптоп во светот со технологија за камера под дисплеј (CUD), 4K PureSight Pro OLED и најнов Intel Core Ultra 7 процесор, оваа машинa нуди извонредна јасност, брзина и ефикасност. Од создавање на уметнички дела до управување со повеќе апликации истовремено, овој моќник претставува спој на технологија и естетика.
Само за вистински гејмери – Legion Pro 7i
Lenovo ја претстави и новата генерација на гејминг лаптопи Legion Pro 7i, лаптоп кој ја поставува новата граница за врвни гејминг перформанси и дизајн. Со Intel® Core™ Ultra процесори и NVIDIA GeForce RTX графика, овој лаптоп обезбедува неверојатна брзина и ефикасност за највисоко ниво на конкурентно играње. Револуционерниот 16-инчен PureSight дисплеј со висок refresh rate гарантира незабележливи визуелни ефекти и беспрекорно искуство во секоја игра. Напредниот систем за ладење Coldfront Hyper Cooling, заедно со NVIDIA G-SYNC технологија, овозможуваат да имате незаборавно искуство во секоја игра. Legion Pro 7i е создаден за да ги задоволи потребите на вистинските гејмери и да обезбеди перформанси за секој предизвик на патот.

Lenovo Legion Pro 7i
Lenovo повторно ја потврди својата лидерска позиција на пазарот, презентирајќи револуционерни производи што не само што ќе ги исполнат вашите потреби, туку ќе ги надминат и вашите очекувања.
За многу други нови производи и за тоа што се случуваше од 7-ми до 9-ти јануари во Лас Вегас, погледнете на https://bit.ly/40EOMGR
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. Вршиме големопродажба и нудиме широко портфолио од Lenovo производи кои одговараат и на највисоките барања. Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.