AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.
Бараме организиран и посветен магационер кој ќе управува со сите операции во нашиот магацин. Оваа позиција има клучна улога во правилната грижа и одржување на нашите производи, вклучувајќи прием и испорака на роба и управување со залихите.
Одговорности:
- Силна посветеност и одговорност за навремено, квалитетно и точно процесирање на дневните налози
- Прием на роба и спремање на нарачки според правила и принципи на работа на компанијата
- Одговорност за точен, правилен и навремен проток на документи (работни налози за подготовка и нарачки).
- Водење на соодветна евиденција и управување со целата документација за да се потврдат соодветните нивоа на залихи и водење целосна контрола на залихите
- Одговорност за залихите и квалитетот за одередена група на производи/брендови.
- Неделна проверка и попис на артикли
Потребни квалификации:
- Пожелно е претходно работно искуство на иста или слична позиција
- Висок степен на лична одговорност и иницијатива во работењето
- Стабилна и лојална личност со одлични комуникациски и организациски вештини
- Способност за тимска и индивидуална работа
Доколку сте заинтересирани, ве молиме да го испратите вашето CV на следната е-mail адреса: careers@aitonix.mk со назнака – Апликација за магационер.
Comments are closed.