Motorola, дел од Lenovo, е прогласена за официјален партнер за паметни телефони на FIFA Светското првенство U-20™ во Чиле, зацврстувајќи ја својата посветеност во прославата на следната генерација фудбалски таленти на глобална сцена.
Ова партнерство претставува значаен чекор за брендот, кој доследно ја истакнува својата посветеност кон иновациите и кон создавање автентични врски со корисниците низ целиот свет. Преку оваа соработка, Motorola ја потврдува својата улога не само како лидер во технолошкиот сектор, туку и како бренд кој активно ја поддржува иднината на спортот и младите таленти.
Глобално влијание со локална вредност
Светското првенство U-20™ е еден од најважните настани во календарот на FIFA, каде што настапуваат идните ѕвезди на светскиот фудбал. За време на турнирот, Motorola ќе биде присутна и на теренот и надвор од него – преку LED екрани, стадионски видеа и маркетинг активности, но и преку дигитални кампањи и соработка со креатори на содржини. На тој начин, брендот ќе ја доближи возбудата од натпреварите до милиони навивачи на глобално ниво.
„FIFA U-20 World Cup претставува иднината на фудбалот, а Motorola е горда што преку својата технологија и паметни телефони им овозможува на навивачите да бидат поблиску до играта,“ изјави Sergio Buniac, претседател на Motorola.
Долгорочна соработка со FIFA
Ова партнерство е дел од пошироката стратегија на Motorola и Lenovo, кои се официјални партнери на FIFA и за другите големи турнири што следуваат: FIFA World Cup 26™ во Канада, Мексико и САД, како и FIFA Women’s World Cup 2027™ во Бразил. Така, Motorola не само што ја поддржува младата генерација фудбалери во Чиле, туку и покажува континуирана посветеност на највисоко ниво на светската фудбалска сцена.
“За AITONIX, оваа соработка е уште една потврда за силата и релевантноста на брендот Motorola на глобално ниво, но и инспирација да продолжиме да ја градиме довербата кај нашите партнери и корисници во Македонија. Како официјален дистрибутер, горди сме што брендот кој го застапуваме е дел од еден ваков настан кој обединува милиони луѓе преку спорт и технологија,” изјави Робертино Христов, продукт менаџер на Motorola во AITONIX.
Motorola ќе ја поддржи FIFA и сите 24 квалификувани тимови кои ќе се натпреваруваат во 52 натпревари. Турнирот ќе се одржи во Чиле од 27 септември до 19 октомври 2025 година.
Со комбинирање на иновациите во паметните телефони со страста кон фудбалот, Motorola уште еднаш докажува дека е бренд кој не само што ја следи иднината, туку и активно ја гради.
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Motorola во Македнија и нуди на пазарот голем избор на смартфони и аксесоари од познатиот амерички бренд. АИТОНИКС АД е компанија со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.
Motorola е компанијата која ја создаде индустријата за мобилни комуникации и ги има измислено повеќето протоколи и технологии кои овозможуваат мобилни комуникации, вклучувајќи го и првиот мобилен телефон, првата базна станица и прилично сè друго помеѓу нив. Денес Motorola го комбинира тој пионерски дух со посветеност кон потрошувачите.
За повеќе информации во врска со уредите од Motorola, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.



Comments are closed.