AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.
Поради зголемен обем на работа, АITONIX објавува оглас за вработување на работна позиција Помлад сметководител во оделот за финансии и сметководство. Ова е одлична можност да се придружите на тимот професионалци на кои главниот фокус е постојаниот раст и развој.
Главни одговорности:
- Познавање на материјално и финансово работење
- Контрола на влезни и излезни документи
- Изготвување излезни фактури кон коминтенти
- Сложување на аналитички картици со коминтенти
- Евиденција на денарски и девизни изводи
- Подготовка и евидентирање на компензации
- Комуникација со клиенти
- Останати сметководствени активности
Потребни квалификации:
- Пожелно е завршено високо образование од областа на економски науки
- Напредни компјутерски вештини и познавање на MS Office пакетот
- Познавање на англиски јазик (вербална и писмена комуникација)
- Пожелно претходно работно искуство
- Тимски играч, самоиницијативен и со истакнати аналитички способности
Нудиме:
- Работа со извондреден тим од професионалци, чии вредности и корпоративна култура се репер за индустријата
- Работа во динамична и пријатна околина
- Можност за развој – личен и професионален
- Конкурентна плата
Доколку сте заинтересирани, поднесете го вашето CV во електронска верзија на e-mail: careers@aitonix.mk со назнака – Помлад сметководител
Comments are closed.