AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди. Поради зголемен обем на работа, објавува оглас за вработување на работна позиција
Quality Assurance Specialist
Потребни квалификации:
- Искуство во областа на Quality Assurance
- Искуство со performance и stress testing
- Длабинско познавање на процесите и техниките на тестирање софтвер
- Силни аналитички вештини и способност за решавање на проблеми
- Искуство во тестирањето на веб и/или мобилни апликации на различни веб пребарувачи и платформи
- Одлични комуникациски вештини и познавање на англиски јазик
- Искуство со работа во агилна околина се смета за предност
Основни задачи и одговорности:
- Тестирање на нови и постоечки софтвери
- Изработување и спроведување на тест планови за работењето на софтверските решенија во нивниот целосен животен циклус
- Анализирање на резултатите со цел идентификација на проблематични зони и слабости
Ние нудиме:
- Работа во динамична и развојна средина
- Плата во согласност со дејноста и природата на работата
- Можност за развивање и континуирано персонално усовршување
Доколку оваа позиција претставува интерес за Вас и сметате дека одговарате на наведените барања, испратете го своето CV со назнака “Quality Assurance Specialist” на следната email адреса: careers@aitonix.mk.
Само потесно селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор
Comments are closed.