AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди.
Поради зголемен обем на работа, АITONIX објавува оглас за вработување на работна позиција:
СЕРВИСЕР ЗА ИКТ ОПРЕМА ВО СЕКТОР ЗА СЕРВИС И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА
Главни одговорности:
- Брзо и прецизно дијагностицирање и остранување на дефекти;
- Инсталација и конфигурација на нова ICT опрема;
- Комуникација со клиентите за временски рокови и статусот на уредите оставени за сервис;
- Редовно и уредно следење на работните налози;
- Континуирано учење за категоријата и брендот на уреди/опрема кои ги сервисира;
Потребни квалификации:
- Претходно искуство во сервисирање на ИТ уреди, опрема и оперативни системи (како: смартфони, персонален компјутер, лаптоп, Android, и сл.);
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија;
- Способност за работа со временски рокови;
- Основно познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б категорија;
Доколку сте во потрага по професионален предизвик, мотивирани кон успех, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: careers@aitonix.mk, со назнака: “Сервисер за ИКТ опрема”.
Comments are closed.