Кога станува збор за лесна интеграција во вашата работна средина и ефикасно завршување на важните задачи, не постои попаметна опција од сигурен принтер кој е супериорно поготвен за бизнис и со прифатлива цена – а токму такви се мултифункционалните принтери од серијата VersaLink B7000 со Xerox® ConnectKey® технологија.
Високи перформанси, оптимизирана ефикасност
Од бесплатна инсталација на апликации до чекор по чекор опции за конфигурација, целосно реконструирана патека за хартија и нова LED технологија за печатење, овие принтери се на едно импресивно ниво на совршеност.
VersaLink уредите се опремени со функции и Xerox® технологии кои заштедуваат време со цел да се забрза размената на информации и да се намалат неефикасните работни процеси. Со Scan и Fax преглед овозможуваат сигурност за точноста на информациите, а со вграденото оптичко препознавање на карактер (OCR), можност да направите повеќе со скенираните документи.
А кога станува збор за зачувување на критични документи и податоци, VersaLink уредите обезбедуваат заштита на сите точки на ранливост, вклучувајќи заштита од неовластен пристап до уредот, безбедна мрежна комуникација, 256-битна енкрипција на HDD со сигурно презапишување и можности за додавање безбедност на поединечни документи.
Лесна употреба, лесно прилагодување
Прилагодливиот 7-инчен екран на допир во боја, овозможува лесно менаџирање на задачите и функциите. Xerox® ConnectKey® Apps помага при оптимизирање на ефикасноста на канцеларијата, а пристапот до Xerox App Gallery обезбедува проширена функционалност – како опционалната апликација Xerox® Easy Translator Service, која брзо ги преведува скенираните документи на бројни јазици.
А создавањето прилагодени 1-Touch Apps овозможува да ги автоматизирате работните процеси кои се во повеќе чекори и да добиете повеќе за помалку време. Со Simple ID, индивидуалните корисници и групи еднаш внесуваат корисничко име и лозинка, а потоа уживаат во брз, сигурен пристап до специфични задачи, индивидуализирани омилени контакти и најчесто користени апликации на персонализиран почетен екран.
Подготвени за вашиот начин на работа
VersaLink B7000 серијата на мултифункционални принтери ви дава слобода да работите каде и како сакате – преку директно поврзување со Google Drive™, Microsoft® OneDrive® и Dropbox™, како и пристап до дополнителни опции преку Xerox App Gallery.
Можноста за поврзување и печатење од повеќе различни уреди е клучно за работата денес, затоа VersaLink уредите се соочуваат со овој предизвик преку опционално Wi-Fi® и Wi-Fi Direct®, плус Apple® AirPrint®, Google Cloud Print™, Xerox® Print Service Plug-in for Android™, Near Field Communication (NFC) Tap-to-Pair и Mopria®.
За повеќе информации јавете се на 075 295 174 или пишете на следната email адреса: i.bogdanoski@aitonix.mk
Comments are closed.