Соочете се со предизвиците на работното место со вашиот модерен асистент – VersaLink C7000.
VersaLink C7000 е серија на мултифункционални принтери со Xerox® ConnectKey® технологија кои подржуваат многубројни апликации и лесно се прилагодуваат.
Супериорни перформанси
Дизајнирани за супериорна сигурност мултифункционалните принтери од VersaLink C7000 серијата имаат нов хардвер дизајн со помалку подвижни делови, зајакнати компоненти на патеката за хартија и напреден систем за слики. Опремени се со функции и Xerox® технологии кои заштедуваат време со цел да се забрза размената на информации и да се намалат неефикасните работни процеси. Со Scan и Fax преглед овозможуваат сигурност за точноста на информациите, а со вграденото оптичко препознавање на карактер (OCR), можност да направите повеќе со скенираните документи.
Кога станува збор за зачувување на критични информации, VersaLink уредите обезбедуваат голем број на строги безбедносни карактеристики, вклучувајќи Secure Print и картичка за контрола на пристапот. А Резолуцијата на печатење до 1200×2400 dpi обезбедува остар текст и фини детали, плус исклучителна боја, овозможувајќи ви да добиете супериорен квалитет на печатење.
Cloud поврзување. Персонализирана ефикасност.
Прилагодливиот 7-инчен екран на допир во боја, овозможува лесно менаџирање на задачите и функциите. Xerox® ConnectKey® Apps помага при оптимизирање на ефикасноста на канцеларијата, а пристапот до Xerox App Gallery обезбедува проширена функционалност – како опционалната апликација Xerox® Easy Translator Service, која брзо ги преведува скенираните документи на бројни јазици.
Создавањето прилагодени 1-Touch Apps овозможува да ги автоматизирате работните процеси кои се во повеќе чекори и да добиете повеќе за помалку време. Со Simple ID, индивидуалните корисници и групи еднаш внесуваат корисничко име и лозинка, а потоа уживаат во брз, сигурен пристап до специфични задачи, индивидуализирани омилени контакти и најчесто користени апликации на персонализиран почетен екран.
Подготвени за вашиот начин на работа
VersaLink C7000 серијата ви дава слобода да работите каде и како сакате – преку директно поврзување со Google Drive™, Microsoft® OneDrive® и Dropbox™, како и пристап до дополнителни опции преку Xerox App Gallery.
Можноста за поврзување и печатење од повеќе различни уреди е клучно за работата денес, затоа VersaLink уредите се соочуваат со овој предизвик преку Apple® AirPrint®, Google Cloud Print™, Xerox® Print Service Plug-in for Android™, Near Field Communication (NFC) Tap-to-Pair и Mopria®, плус опционално Wi-Fi и Wi-Fi Direct.
За повеќе информации јавете се на 075 295 174 или пишете на следната email адреса: i.bogdanoski@aitonix.mk
Comments are closed.