AITONIX е технолошка компанија со повеќе од 25 години искуство во IT дистрибуција, технолошки решенија, сајбер-безбедност, развој на софтвер и професионални IT услуги.
Им помагаме на нашите клиенти да применуваат и управуваат со технологии кои ја поддржуваат нивната ефикасност, раст и дигитална трансформација. Преку долгогодишни партнерства со водечки светски технолошки брендови, меѓу кои Acer, Dell Technologies, Lenovo, Motorola, Lexmark, Philips и Xerox, ги поврзуваме глобалните технологии со силна локална експертиза и познавање на регионалните пазари. AITONIX има присуство на македонскиот пазар, како и на пазарите во Бугарија и Србија.
Во AITONIX градиме професионална работна средина заснована на знаење, одговорност, соработка и континуиран развој.
Поради зголемен обем на работа, AITONIX има новоотворени работни позиции за „ПРОМОТЕРИ/КИ“. Бараме комуникативни, одговорни и мотивирани личности за промоција и презентација на смартфони во продажните салони на телекомуникациски оператори.
Одговорности:
- Промоција и презентација на смартфони и нивните карактеристики
- Комуникација со клиентите и давање информации за производите
- Советување на клиентите при избор на соодветен уред
- Поттикнување на продажбата преку професионална презентација
- Одржување на уреден и атрактивен промотивен простор
- Навремено известување за реализираните активности и резултати
- Почитување на стандардите и процедурите на компанијата
Од кандидатите очекуваме:
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Љубезен и професионален пристап кон клиентите
- Интерес за технологија, смартфони и мобилни уреди
- Одговорност и позитивен пристап кон работата
- Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително
Што нудиме:
- Конкурентен надомест со можност за бонус
- Целосна обука пред почетокот на ангажманот
- Пријатна и динамична работна атмосфера
- Можност за долгорочен ангажман
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете Ваша биографија (CV) на careers@aitonix.group најдоцна до 30.09.2026, со задолжително наведување на назнака „ПРОМОТЕРИ/КИ“.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои одговараат на барањата за соодветната работна позиција. Ја очекуваме вашата апликација!


Comments are closed.