AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтверски решенија која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Бугарија и Србија). AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell Technologies, Lenovo, Lexmark, Motorola, Philips, Xerox итн. Во својата 25 годишна историја компанијата посветено негува бизнис култура базирана на висок квалитет на услугите и професионален однос кон клиентите.
Поради зголемен обем на работа, AITONIX има новоотворени работни позиции за „ПРОМОТЕРИ/КИ“. Бараме комуникативни, одговорни и мотивирани личности за промоција и презентација на смартфони во продажните салони на телекомуникациски оператори.
Одговорности:
- Промоција и презентација на смартфони и нивните карактеристики
- Комуникација со клиентите и давање информации за производите
- Советување на клиентите при избор на соодветен уред
- Поттикнување на продажбата преку професионална презентација
- Одржување на уреден и атрактивен промотивен простор
- Навремено известување за реализираните активности и резултати
- Почитување на стандардите и процедурите на компанијата
Од кандидатите очекуваме:
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Љубезен и професионален пристап кон клиентите
- Интерес за технологија, смартфони и мобилни уреди
- Одговорност и позитивен пристап кон работата
- Претходно работно искуство е предност, но не е задолжително
Што нудиме:
- Конкурентен надомест со можност за бонус
- Целосна обука пред почетокот на ангажманот
- Пријатна и динамична работна атмосфера
- Можност за долгорочен ангажман
Ако сакате динамична работа, комуникација со луѓе и сте заинтересирани за мобилната технологија, ова е вистинската можност за вас.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете Ваша биографија (CV) на careers@aitonix.group најдоцна до 07.08.2026, со задолжително наведување на назнака „ПРОМОТЕРИ/КИ“.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои одговараат на барањата за соодветната работна позиција. Ја очекуваме вашата апликација!


Comments are closed.