20 years experience in the IT world!

Lenovo

AITONIX е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. Нудиме широко портфолио од Lenovo производи кои одговараат и на највисоките барања. Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори –  крајни корисници, мали, средни и големи компании.

Широкото портфолио на компанијата се состои од високо-квалитетни и иновативни производи и услуги  во кои се вклучуваат персонални компјутери (меѓу кои легендарниот Think и мултифункционалниот YOGA бренд), работни станици, сервери, сториџи и фамилија од мобилни производи како смартфони, таблети и апликации.

Lenovo се наоѓа во групата од најголемите 500 компании на глобално ниво со проценета вредност од $39 милијарди долари. Има над 54 000 вработени во 60 држави, а своите производи ги продава во над 160 земји ширум светот. Компанијата е прва по големина во светот по продажба на компјутерска опрема и го поседува најголемиот пакет на иновации во PC индустријата. Со тоа што компанијата е посветена на иновациите, постојано освојува награди и продолжува да ја гради историјата со технолошки откритија во нови категории на производи.

Иновациите се начинот на кој Lenovo ги постигнува предностите пред конкуренцијата и создава нови можности на пазарот. Со 46 лаборатории од светска класа, вклучувајќи ги истржувачките центри во Јапонија, Кина и САД, компанијата е богата со таленти (повеќе од 3 200 инжењери, истражувачи и научници). Експертските тимови на компанијата први ги имаат воведено големиот број на иновации, вклучувајќи 6 500 светски признати патенти и повеќе од 100 награди за дизајн. Без разлика дали се работи за PC, лаптоп, смартфон, таблет, сервер, работна станица или сториџ, Lenovo создава производи од кои потрошувачите имаат потреба, создавајќи јасна разлика од конкуренцијата.

.

Види ги производите на Lenovo

Нашите предности, кои се основа на долгогодишната соработка со нашите клиенти:

Богато портфолио

IT производи од реномирани светски брендови. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на пазарот. Контактирајте го нашиот продажен тим и побарајте ја својата понуда.

Оn-stock производи

Благодарение на утврдената политика за нарачки и складирање, можеме да понудиме големо разновидност и количини на производи кои се на залиха.

Конкурентни цени

Адекватните и конкурентни цени се постојан дел од нашата понуда. А долгорочната соработка со нас секогаш ви гарантира најдобрите услови на пазарот.

Промотивни програми

Инсентиви, back бонуси, маркетинг поддршка. Нашите партнери можат да сметаат на долгорочни програми за развој и подршка, кои го стимулираат нивниот бизнис.

Одложено плаќање

Немате можност да го платите веднаш целиот износ на производите кои ви се потребни? Со нашата политика за одложено плаќање тоа нема да биде проблем.

Достава за неколку дена

Ви треба итно да го добиете тоа што го купувате? Со нас тоа не е никаков проблем. Можеме да ја испорачаме робата во текот на денот, на посакуваното од вас место.