20 years experience in the IT world!

Lexmark

AITONIX е официјален дистрибутер на Lexmark во Македонија за целокупното портфолио на печатари и мултифункциски уреди, како и оригинален потрошен материјал за нив.

Lexmark е признаен лидер во подобрувањето на работата на организациите, преку различни решенија во печатењето, а успехот во тој сегмент пред се се должи на развојот на дигитализацијата и меѓусебното поврзување.

Lexmark ги продава своите производи и сервиси во преку 170 држави и е препознатлив како доверлив партнер во компаниите од технолошките индустрии (фабрики), како и од финансискиот сектор (банки и осигурителни компании). Во своето богато портфолио, Lexmark е посебно постојан во сегментот на ласерката технологија, каде има широка палета на производи во монохроматското и колор печатење, како на ниво на печатари, така и на ниво на мултифункциски уреди.

Со високоразвиениот систем на собирање и преработка на отпадот, создаден од потрошените тонери, Lexmark активно придонесува во заштитата на животната средина на најдиректен начин и претставува пример за општествено одговорна компанија. Lexmark исто така е една од првите компании кои што го имаат воведено ЕКО стандардот како задолжителен во своето работење. Воедно, со тоа компанијата нуди и највисок степен за заштита на податоците пред и после печатење и е лидер во енкрипцијата на податоци и безбедносното манипулирање со нив.

Со својата програма за спонзорство, Lexmark е присутен како финасиски прокровител на организации кои се борат против секаков вид на дискриминација, поединци преку стипендии, како и спортски клубови, успевајќи да претвори голем дел од својата заработка во бенефит за заедницата.

Види ги производите на Lexmark

Нашите предности, кои се основа на долгогодишната соработка со нашите клиенти:

Богато портфолио

IT производи од реномирани светски брендови. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на пазарот. Контактирајте го нашиот продажен тим и побарајте ја својата понуда.

Оn-stock производи

Благодарение на утврдената политика за нарачки и складирање, можеме да понудиме големо разновидност и количини на производи кои се на залиха.

Конкурентни цени

Адекватните и конкурентни цени се постојан дел од нашата понуда. А долгорочната соработка со нас секогаш ви гарантира најдобрите услови на пазарот.

Промотивни програми

Инсентиви, back бонуси, маркетинг поддршка. Нашите партнери можат да сметаат на долгорочни програми за развој и подршка, кои го стимулираат нивниот бизнис.

Одложено плаќање

Немате можност да го платите веднаш целиот износ на производите кои ви се потребни? Со нашата политика за одложено плаќање тоа нема да биде проблем.

Достава за неколку дена

Ви треба итно да го добиете тоа што го купувате? Со нас тоа не е никаков проблем. Можеме да ја испорачаме робата во текот на денот, на посакуваното од вас место.