AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтверски решенија која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Бугарија и Србија). AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell Technologies, Lenovo, Lexmark, Motorola, Philips, Xerox итн. Во својата 25 годишна историја компанијата посветено негува бизнис култура базирана на висок квалитет на услугите и професионален однос кон клиентите.
AITONIX има новоотворена работна позиција за „МАГАЦИОНЕР“. Доколку сте организирани, одговорни и имате интерес за работа во динамична логистичка средина, ова е вистинската можност за вас!
Одговорности:
• Прием, проверка и складирање на стока во магацин
• Подготовка и пакување на нарачки за испорака кон клиенти
• Евиденција на влез и излез на производи во магацински систем
• Одржување на ред и организација во магацинскиот простор
• Координација со останатите оддели (продажба, логистика, сервис) за навремена испорака
• Учество во попис и контрола на залихи
• Почитување на интерните процедури и безбедносни стандарди
Нашите барања:
• Минимум завршено средно образование
• Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
• Основно познавање на работа со компјутер (MS Office)
• Организираност, одговорност и внимание на детали
• Способност за работа во тим и динамична средина
• Возачка дозвола „Б“ категорија ќе се смета за предност
Што нудиме:
• Конкурентна плата
• Работа во позитивна и динамична работна средина
• Пристап до тренинзи и обуки
• Соработка со искусен и професионален тим
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете Ваша биографија (CV) на careers@aitonix.group најдоцна до 10.05.2026, со задолжително наведување на назнака „Апликација за Магационер“.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои одговараат на барањата за соодветната работна позиција. Ја очекуваме вашата апликација!

