Вашата приказна може да биде исклучително добра ако е базирана на најдобрите поставки. Ако сте гејминг зависник или ентузијаст за технологија и сакате да составите сопствен компјутерски систем мора да изберете висококвалитетно напојување и соодветно куќиште. Тогаш nJoy е вашиот вистински избор!
Кога станува збор за заштита на скапите компоненти, ефикасноста и високите перформанси треба да преовладуваат.
nJoy Legion 700
nJoy Legion е моќно полумодуларно напојување со висококвалитетна заштита и 80PLUS Silver 230V EU ECOVA сертификација. Работи тивко и има интелигентен систем за ладење. Лесната полу-модуларна конструкција го олеснува менаџирањето со каблите, го намалува нередот и го зголемува протокот на воздух и ладењето во шасијата. Legion е исклучително сигурен, бидејќи нуди одлична заштита на компонентите (OCP, OVP, UVP, OPP, OTP и SCP) сертифициран во согласност со меѓународните стандарди за безбедност. Целосно е компатибилен со AMD/Intel, ATI/Nvidia платформите и е подготвен за NVIDIA SLI/ATI CrossFireX.
nJoy Woden 850
Woden 850 е специјално создаден за ентузијасти кои сакаат да состават сопствен компјутер и за гејмери кои знаат колку е важно компјутерот да се напојува со силен и стабилен PSU. Опремен е со тивок вентилатор од 14 см, со мала брзина на вртење кој интелигентно се менаџира и постојано ја следи температурата на напојувањето преку сензорот на системот, така што и во услови на максимално оптоварување, нивото на бучава на вентилаторот не вознемирува.
Заедно со активниот PFC и исполнување на 80Plus Gold ефикасноста, задоволителниот дизајн го комплетира овој премиум продукт.
nJoy Alpha 850
Alpha серијата го држи највисокиот стандард во PSU колекцијата на nJoy. Alpha е целосно модуларно напојување со извонредни можности за создавање на безбедна и моќна околина за компјутерскиот систем. Со 80 Plus Gold сертификација, серијата Alpha не е преголем корисник на енергија. Alpha троши помалку од 10% од апсорбираната моќност како што се загрева. Со најновата технологија DC-to-DC, излезите + 3.3V и + 5V лесно можат да се добијат за да се обезбеди максимална стабилна моќност, најдобра компатибилност и ефикасност на конверзија.
Вашиот гејминг систем покрај високите перформанси и соодветната заштита, потребно е и да изгледа добро. Затоа е многу важно да одберете и соодветно куќиште.
nJoy Arlow
Arlow e middle tower ATX куќиште создадено со посебно внимание на деталите. Дизајнирано е специјално за гејминг ентузијастите, со систем за ладење од 9 вклучени вентилатори со RGB кружно LED осветлување и поддршка за водено ладење. И сето тоа во конструкција со калено стакло од напред и странично.
nJoy Kian
Со систем за ладење со вклучени 3 вентилатори од 120mm, црвено LED осветлување и поддршка за водено ладење, Kian е middle tower ATX куќиште со калено странично и предно стакло, совршено за гејмери.
nJoy Oryn
Системот за вентилација ги подобрува перформансите на вашиот гејминг компјутер. Системот за ладење на Oryn првично е опремен со 3 предни RGB вентилатори, но може да се надгради до 6 вентилатори во целото куќиште. А предниот панел од калено стакло му додава естетска вредност на вашиот компјутер.
За повеќе информации во врска со уредите контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk
Comments are closed.