AITONIX е технолошка компанија со повеќе од 25 години искуство во IT дистрибуција, технолошки решенија, сајбер-безбедност, развој на софтвер и професионални IT услуги.
Им помагаме на нашите клиенти да применуваат и управуваат со технологии кои ја поддржуваат нивната ефикасност, раст и дигитална трансформација. Преку долгогодишни партнерства со водечки светски технолошки брендови, меѓу кои Acer, Dell Technologies, Lenovo, Motorola, Lexmark, Philips и Xerox, ги поврзуваме глобалните технологии со силна локална експертиза и познавање на регионалните пазари. AITONIX има присуство на македонскиот пазар, како и на пазарите во Бугарија и Србија.
Во AITONIX градиме професионална работна средина заснована на знаење, одговорност, соработка и континуиран развој.
Поради зголемен обем на работа, AITONIX има новоотворена работна позиција за „SENIOR PROJECT MANAGER“. Доколку имате искуство во управување со комплексни технолошки проекти, успешно координирате тимови и партнери и умеете да обезбедите навремена и квалитетна реализација на договорните обврски, Ви нудиме одлична можност за вработување!
Одговорности:
- Планирање, организација и управување со комплексни IT проекти кои вклучуваат хардверски и софтверски решенија.
- Управување со целокупниот животен циклус на проектите, од дефинирање на барањата и планирање до конечна реализација и примопредавање.
- Анализа на технички спецификации, проектни барања и договорни обврски и подготовка на планови за реализација.
- Координација на интерни технички тимови, надворешни партнери, добавувачи и клиенти.
- Управување со проектни рокови, буџети, ресурси и приоритети.
- Следење и координација на испораката на опрема, имплементацијата на решенијата и интеграцијата на системите.
- Идентификување и управување со проектни ризици, промени и потенцијални отстапувања од договорените услови.
- Следење на напредокот на проектите, редовна комуникација со клиентите и подготовка на извештаи и проектна документација.
- Организација и координација на процесите за тестирање, прием и примопредавање на реализираните проекти.
Нашите барања:
- Повеќегодишно професионално искуство во управување со комплексни технолошки проекти.
- Искуство во управување со проекти со дефинирани договорни обврски, технички спецификации, рокови и буџети.
- Добро разбирање на IT инфраструктура, хардверски системи, софтверски решенија и системска интеграција.
- Искуство во координација на мултидисциплинарни тимови, добавувачи и надворешни партнери.
- Познавање на методологии и алатки за управување со проекти.
- Одлични организациски, аналитички, комуникациски и преговарачки вештини.
- Способност за самостојно донесување одлуки, управување со повеќе паралелни проекти и ефикасно решавање проблеми.
- Високо ниво на одговорност, прецизност и ориентираност кон резултати.
- Одлично познавање на англиски јазик.
- Професионални сертификати за проектен менаџмент (PMP, PRINCE2 или слични) ќе се сметаат за предност.
- Искуство во управување со проекти за јавниот сектор и реализација на договори склучени по спроведени постапки за јавни набавки ќе се смета за предност.
- Високо образование од областа на информатичките технологии, електротехниката, инженерството, менаџментот или сродни области ќе се смета за предност.
Што нудиме:
- Конкурентна плата, соодветна на искуството и компетенциите.
- Можност за работа на комплексни и значајни технолошки проекти.
- Професионален развој, континуирано усовршување и можности за напредување.
- Соработка со водечки светски технолошки компании и искусни IT професионалци.
- Самостојност во работењето и активно учество во донесувањето проектни одлуки.
- Динамична и професионална работна средина која поттикнува иницијативност, иновации и тимска соработка.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете Ваша биографија (CV) на careers@aitonix.group најдоцна до 30.11.2026, со задолжително наведување на назнака „Апликација за Senior Project Manager“.
Ќе бидат контактирани кандидатите кои одговараат на барањата за соодветната работна позиција.
Ја очекуваме вашата апликација!


Comments are closed.