AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Албанија, Косово, Бугарија). Благодарение на бизнис принципите и политиката за квалитет на услугите кои ги нудиме, постанавме клучен фактор во IT секторот во Македонија. AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox итн. Освен дистрибуција на IT производи, компанијата има експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија. Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди. Со цел успешно извршување на работните задачи, едноставен модел на комуникација и прегледност, компанијата е организирана во следните сектори:
- Продажба
- Продукт менаџмент
- Сервис и техничка поддршка
- IT оддел
- Финансии и администрација
- Логистика
- Маркетинг
Мисија
Нашата мисија е да бидеме препознатлива ИКТ компанија на македонскиот и регионалниот технолошки пазар, нудејќи богато портфолио на висококвалитетни производи и услуги.
Горди сме на односите што ги имаме со нашите партнери и клиенти и секојдневно инвестираме во нивниот развој и подобрување. Нашите партнери можат да се потпрат на нас во секој чекор од работата и деловните процеси.
Имаме желба, професионалност и резултати благодарение на кои AITONIX е рангирана како една од 200 најуспешни компании во Македонија.
Визија
Нашата визија за развој на компаниите е фокусирана на ИКТ производи и решенија како интегрален дел од животот на современиот човек.
Ние веруваме дека нивното влијание врз бизнисот постојано ќе се зголемува, така што ќе се фокусираме на развивање на најсовремени технолошки решенија кои може да се спроведат и да го подобрат бизнисот на компаниите во регионот. Се стремиме да создаваме ефикасни решенија кои во секој поглед ќе го унапредат функционирањето на бизнисите.
Историја
Компанијата е основана во 2000-та година со името “ТДК Компјутери” и основна дејност продажба на компјутери и компјутерска опрема.
Во продолжение на годините дејноста на компанијата се прошири и навлезе и во други сегменти, вклучувајќи дистрибуција на различни IT производи од најпопуларните светски брендови. Инвестиравме во изградбата на модерен сервисен центар и одделот за развој на софтверски решенија за потребите на нашите клиенти. Денес AITONIX е една од водечките ICТ компании во Македонија, фокусирана на тоа да ги препознае потребите на пазарот и да понуди функционални и целосни ICT решенија.
Стандарди на работење
- АИТОНИКС со своето долгогодишно искуство, стручност и професионалност нуди квалитетни производи и услуги на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност со меѓународните стандарди за работа во областа на трговијата со компјутерска опрема, сервисирање и развој на софтвер.
- АИТОНИКС континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки, барања и рекламации, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на производите и услугите и за усовршување на системот за управување со квалитет.
- АИТОНИКС како една од најголемите дистрибутерски компании за големопродажба на IT и кориснички производи, се стреми кон одржување на висок професионалоизам и лојалност кон своите партнери и клиенти.
- Раководството на АИТОНИКС обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели на компанијата.
- АИТОНИКС се стреми да одржува тим од високо-квалификувани и мотивирани вработени, кои се свесни за важноста на своите дејствија, при што се остварува непречена, навремена и точна комуникација и соодветна дистрибуција на знaење.
- АИТОНИКС го поддржува Системот за управување со квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.
- АИТОНИКС се стреми навремено да ги идентификува ризиците и можностите во работењето, проактивно да управува со нив заради унапредување на производите, процесите и Системот за управување со квалитет.
- АИТОНИКС во своето работење применува процесен приод и врши идентификување, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на производите и услугите. Определува и собира неопходни информации за протокот на тие процеси и ги мери резултатите во однос на нивната продуктивност.
- Раководството периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на Системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.
- АИТОНИКС изјавува дека главна цел на раководството и целиот персонал е да создава и доставува на своите клиенти продукти во согласност со нивните барања за квалитет и да гарантира доверливост, целосност и контролиран пристап до информацијата која е содржана во процесите што се извршуваат во компанијата.
- АИТОНИКС јасно ја одредува информационата безбедност, нејзините цели, области и степени на значење како механизми за обезбедување и/или користење на информацијата. На таа основа, АИТОНИКС планира ефективни организациони мерки кои гарантираат постигнување на поставените цели и се базираат на основните принципи на информациска безбедност.
- АИТОНИКС континуирано го зголемува нивото на информационата безбедност и заштита на информацијата од широкиот дијапазон на опасности за да гарантира постојаност на процесите, заштита на бизнис интересите и зголемување на конкурентноста и деловните можности на компанијата.
- АИТОНИКС утврдува критериуми врз основа на кои се врши проценка на ризикот и спроведува мерки за намалување на ризикот.
- АИТОНИКС континуирано ги следи, изучува и ги внесува најновите научно – технички достигнувања во системот за управување со информациска безбедност.
- АИТОНИКС има високо квалификувани и мотивирани вработени, кои ги извршуваат навремено и на професионално ниво задачите за обезбедување на информациска безбедност.
- АИТОНИКС се стреми секој вработен да си ја осознава важноста на своето работење и да учествува активно во процесот на усовршување на системот за управување со информациска безбедност.
Во процесот на имплементација, поддржување и усовршување на Системот за управување со безбедноста на информациите, АИТОНИКС работи во согласност со ISO 27001:2013 и други меѓународни и национални стандарди како и актуелната законска регулатива.
Политиката на АИТОНИКС е во склад со стратешкото управување на ризикот во компанијата и ќе се одвива во насока на одржување и подобрување на Системот за управување со безбедност на информациите.
Политиката на АИТОНИКС е одобрена од раководството на компанијата.
- АИТОНИКС се стреми кон остварување на високo квалитетна имплементација и развој на софтверски решенија согласно конкретните потреби на клиентите;
- АИТОНИКС нуди ефективна и континуирана поддршка за имплементираните софтверски апликации кај своите клиенти;
- АИТОНИКС ги идентификува и анализира барањата на своите клиенти во однос на надградба на имплементираните софтверски апликации и им нуди најсоодветно решение согласно нивните потреби;
- АИТОНИКС располага со високо-квалификувани вработени, потребни лиценци и опрема за обезбедување на сигурен и квалитетен сервис и одржување на ИТ опрема;
- Врвното Раководството на АИТОНИКС обезбедува мотивираност, вклученост и посветеност кон остварување на целите за управување со услугите.
- АИТОНИКС се стреми навремено да ги идентификува ризиците во однос на испорака на високо квалитетни услуги и проактивно управува со нив заради унапредување на Системот за управување со услугите;
- АИТОНИКС постојано го подобрува работењето преку воведување на технолошки иновации, развој на знаење, вештини и висок квалитет на сите понудени услуги;
- АИТОНИКС го поддржува Системот за управување со ИТ услуги во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 20000-1:2011;
- Врвното раководство на АИТОНИКС периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на системот за управување со услуги, како и поставување на цели за унапредување на услугите.