20 years experience in the IT world!

Политика за приватност

   1.Општи одредби

Заштитата на личните податоци неопходни за работењето на овој B2B портал е врвен приоритет на АИТОНИКС. Оваа Политика за приватност има за цел да даде информации за тоа кои лични податоци се собираат на оваа Веб-страница, со каква цел, како и во кои случаи овие податоци се доставуваат на трети страни. Оваа Политика може да претрпи периодични промени наметнати од промените во регулаторните барања и со цел да се ажурираат преземените мерки за заштита. Во случај на такви промени, изменетата верзија на Политиката за приватност ќе биде објавена навремено на https://aitonix.mk/ и затоа, ве замолуваме периодично да ја проверувате нејзината содржина.

   2.Податоци за администраторот одговорен за обработка на податоци

Администратор: АИТОНИКС АД, ЕДБ: 4030000394930

ул. Борис Трајковски 36, 1000 Скопје

АИТОНИКС АД ги презема сите потребни мерки на претпазливост (технички и организациски) за да ја осигура безбедноста на личните податоци, обезбедени преку оваа Веб-страница, така што тие да бидат заштитени на најдобар можен начин. Сепак, процесите не можат да бидат целосно контролирани, така што апсолутната заштита не може да се гарантира. Поради оваа причина, обезбедувањето лични податоци на било кое лице при интеракција со оваа Веб-страница е доброволно.

   3.Обработка на податоци

При посетување на оваа Веб-страница, информациите за вашата посета автоматски ги испраќа веб-прелистувачот што го користите, а со тоа се обезбедува ракување со Веб-страницата. Доставената информација вклучува IP адреса на успотребуваниот интернет уред, датум и време на влегување и информации за прелистувачот. Оваа информација е привремено зачувана во таканаречената датотека за најавување и автоматски се брише најдоцна по 9 недели. Собраните податоци не дозволуваат да се извлекуваат директни заклучоци за идентитетот на корисникот. Целта на обработката на податоците е да се воспостави врска и да се осигури безбедноста на системот. Податоците обезбедени од лицата при регистрација како нов клиент на нашата веб-страница се обработуваат со цел да се исполнат деловните односи што се воспоствавуваат меѓу нас и поврзаните со тоа маркетинг предлози и иницијативи.

   4.Употреба на колачиња

Со терминот “колачиња“ се означуваат компјутерски податоци – датотеки во форма на текстуални фајлови кои се зачувани на крајниот уред на корисникот, а наменети за употреба на веб-страници. Овие датотеки го овозможуваат идентификувањето на уредот на корисникот и правилното прикажување на веб-страницата, според неговите индивидуални преференции. Колачињата обично го содржат името на веб-страницата од каде што потекнуваат, времето кога се зачувани на крајниот уред и уникатен број. Колачиња за сесија (привремени) – тоа се колачиња што се зачувани на компјутерерот на корисникот само за време на Интернет сесијата и се неопходни за трансакции. Овие колачиња за сесии се користат исклучиво за контрола на врската и навигацијата и преку нив веб-страницата може да се користи на начин кој е удобен за корисникот (т.е. обработка на акција додека сте најавени на нашата веб-страница). Колачињата за сесија се бришат кога ќе ја завршите сесијата на прелистувачот. Може да го поставите прелистувачот така што колачињата воопшто да не се чуваат или бришат на крајот од вашата сесија на Интернет. Имајте предвид, сепак, дека во овој случај можеби нема да можете да ги користите сите карактеристики и функционалности на нашата веб-страница.

   5.Маркетинг пораки

Со прифаќање на Условите за користење на оваа веб-страница и Политиката за приватност, Корисникот се согласува доставените од него податоци да бидат употребувани и за маркетинг цели кои имаат за цел Корисниците секогаш да бидат добро информирани за производите и услугите на АИТОНИКС АД за кои се заинтересирани. Во согласност со потребните норми, ние секогаш гарантираме дека обработката на податоците за маркетинг цели се одвива во согласност со правата и слободите на корисниците и нема никакви правни последици. Може да го смените своето мислење и да ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг пораки во било кое време – за таа цел известете нè користејќи ги дадените информации за контакт.

   6.Период на чување на лични податоци

Личните податоци се зачувуваат за релевантниот период утврден со закон или се додека е валидна целта за која се собрани. По истекот на периодот на чување, податоците се бришат, освен доколку не се потребни за склучување на договор или за извршување на договор. Доколку податоците на корисниците не се избришат затоа што се неопходни за други и законски цели, нивната обработка ќе биде ограничена колку што е можно. Ова се однесува, на пример, на податоците што мора да се чуваат од комерцијални или даночни причини.

   7.Сигурност на податоците

Вложуваме максимални напори да ги обработуваме вашите лични податоци, користејќи ги најактуелните применливи технички и организациски средства на таков начин кој што ќе ги исполни регулаторните барања, а воедно ќе овозможи максимална сигурност и безбедност.

   8.Откривање на податоци за трети лица

Податоци може да бидат пренесувани на трети лица само доколку тоа е потребно за извршување на договорните деловни обврски, како и кога тоа експлицитно го наведуваме во оваа политика на приватност или кога сме законски обврзани или имаме право да го сториме тоа во секој конкретен случај.

   9.Права на субјектите на податоците

Имате право на информации за обработувањето на вашите лични податоци и можете слободно да ги користите вашите права за корекција, бришење или, доколку бришењето не е можно, да ја ограничите обработката и преносливоста на податоците. Доколку сакате да искористите некое од вашите права, контактирајте нè на наведените контакт информации. Исто така, доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци на некој начин не одговара на прописите за заштита на податоците, Ве молиме да нè контактирате. Имате право да поднесете жалба до надлежниот надзорен орган во секое време. Комисија за заштита на личните податоци: Агенција за заштита на личните податоци, бул. Гоце Делчев бр. 18, 1000, Скопје, Република Северна Македонија

   10.Како можете да не контактирате?

Во секое време, секое лице може да не контактира испраќајќи порака по пошта или е-пошта до наведените детали за контакт:

АИТОНИКС АД
ЕДБ: 4030000394930

Седиште и адреса: ул. Борис Трајковски 36, 1000 Скопје

Електронска пошта: info@aitonix.group