AITONIX (АИТОНИКС АД) е авторизиран дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за сториџи, сервери, back up решенија како и за commercial сегментот на бизнис производи (лаптопи, десктопи, монитори итн).
Од промовирањето на првиот Dell компјутер во 1986 годina, Dell продолжува да ја креира индустријата со отворање на нови полиња и пионерни откритија за домот, малите и големите бизниси. Компанијата ги собира мислењата и барањата на потрошувачите директно преку илјадници секојдневни интеракции со потрошувачите, преку настани, социјални медиуми и клиентски панели.
Одржувајќи силни внатрешни можности за развој, компанијата Dell обезбедува иновации кои им даваат дополнителни вредности на потрошувачите. Истражувачките и развојни напори на Dell сега го обиколуваат светот, водени од страна на најпознатите светски дизајнери и инженери на IT производи. Во основата на пристапот на Dell кон иновациите останува непоколебливата посветеност да се реализираат нови и подобри решенија кои што директно се среќаваат со потребите на корисниците.
Dell го води внесувањето на стандарди и технологии преку индустриски групи и стратешки партнери. Компанијата во поголемиот дел е партнерски ориентирана наместо да се натпреварува со врвните индустриски добавувачи и производители на технологии. Овие партнерства и овозможуваат уникатно широка перспектива на полето на компјутерските услуги. Оддадена е на доставување на услуги, решенија и производи на потрошувачите, за потребите на нивните бизнис цели и во согласност со нивниот животен стил. Со слушање на клиентите, Dell продолжува да ги идентификува областите во кои да ги прошири своите понуди и се проширува преку добивање на компании, експерти во своите области.
Dell верува дека треба да служи на потрошувачите на овие компаниите зачувувајќи ги нивните предности и карактеристиките кои ги прават успешни. И воедно со тоа, внесувајќи ги силните страни на Dell за зголемување на бизнисот и глобално проширување на Dell понудите.
















