20 years experience in the IT world!

Софтверски решенија

Нашата компанија е посветена на новите технологии и на нивната имплементација во бизнисот. На нашите клиенти им нудиме разработување на функционални и флексибилни софтверски решенија, кои се создадени специјално, за да им одговорат на специфичните потреби на секоја компанија. Независно од барањата, ние сме посветени на тоа да обезбедиме услуги со највисок квалитет.

Ние сме тука, за да создадеме решенија, кои ќе ги задоволат вашите потреби, ќе ги надминат очекувањата и ќе ја направат работата во вашата компанија полесна, попросперитетна и поекономична. Дизајнот, разработувањето и имплементацијата на висококвалитетни софтверски решенија се предизвик, кој нашиот тим, составен од IT експерти на светско ниво, прифаќа со наjголема желба и ентусиазам. Оперираме со широк спектaр на кориснички софтвери, оперативни системи и технолошки платформи. Бидејќи ние сме со вас по време на целокупниот процес, можеме да ги разбереме вашите потреби во длабочина и да го пронајдеме најдоброто решение.

На крај, нашата задача е да ви доставиме специјализирани софтверски решенија, да ги имплементираме во реалната работна средина на вашата компанија и да ви ја обезбедиме потребната подршка. Побарајте не и доверете ни ја својата задача!

Нашиот начин на работа

1. Идентификација и анализа на потребите

Создаваме софтверски решенија, кои му помагаат на вашиот бизнис да функционира подобро, да се намалат трошоците и да се подобрат процесите. Можете да одберете некои од нашите веќе разработени решенија или да побарате да изработиме за вас уникатно решеније, прилагодено конкретно кон вашите специфични потреби.

2. Разработка

Ќе подготвиме детална стратегија врз основ за разработка на вашето специјално софтверско решение. Ги следиме светските трендови и ги употребуваме најновите и најсигурни технологии. Секогаш сме фокусирани на тоа да ви го доставиме очекуваното решение во договорените временски рамки.

3. Имплементација

Нашиот стручен тим има големо искуство во адекватната имплементација на готовиот производ. Новото софтверско решеније ќе биде имплементирано во вашата реална работна средина безпроблемно и без да пречи на тековните работни обврски.

4. Едукација и поддршка

Ќе спроведеме професионални обуки на менаџментот и на вработените во компанија за работењето со вашето ново софтверско решеније. Ќе ви обезбедиме долгорочна подршка со кои периодот на адаптација и прилагодување на процесите во компанијата ќе преминат лесно и брзо.