20 years experience in the IT world!

Сервис

Сервисниот центар FIXIO (подружница на АИТОНИКС АД) има долгогодишно искуство во поправката и одржувањето на различни информатички и телекомуникациски уреди, одговара на потребните меѓународни стандарди за работа и ги поседува соодветните сертификати за квалитет. Нашиoт висококвалификуван тим од специјалисти ќе се погрижи за ефективна и навремена поправка на вашите уреди.
Со постојана едукација и надградување во согласност со растот и развојот на технологиите, ние сме способни да ги решиме и најсложените проблеми. Имаме голем број резервни делови кои се веднаш достапни, што ни дава можност да одговориме во секое време на барањата за постпродажна поддршка и да им обезбедиме на нашите клиенти брзи услуги со највисок квалитет.

Гарантно и постгарантно сервисирање и поправка

Дијагностика, поправка и профилактика на компјутери, лаптопи, смартфони, таблети и се останато од IT светот

Дијагностика, поправка и профилактика на принтери

Инсталација и ажурирање на софтвери

Мрежна инфраструктура

Брза и адекватна реакција при итни проблеми