AITONIX е дистрибутер на Philips и нуди на пазарот широка палета на производи од категориите телевизори, монитори и паметни уреди за домот.
Philips e компанија позната со богатата историја на иновации и е докажан светски бренд, кој обезбедува супериорни технологии на пазарот, со постојан фокус на одржливост. Комбинирајќи го дизајнот и иновациите со оперативната совршеност и флексибилност, Philips нуди висококвалитетни, паметни уреди за домот кои се лесни за употреба и со софистициран стил
Производите од Philips се одликуваат со иновации и адаптивност кон потребите на модерните домови. Нивната функционалност и врвна технологија се клучна предност, но воедно со тоа компанијата работи и според принципите на циркуларната економија, рециклирајќи повеќе и користејќи помалку нови ресурси. Сето ова го постигнува преку продолжување на животниот век на производите, користење рециклирани и биоразградливи материјали и олеснување на рециклирањето. Со што, активно го намалува негативното влијание врз планетата и работи за подобра иднина.
Како дистрибутер на Philips, AITONIX е посветена на взаемната стратегија за претставување на достапни иновации на македонските корисници.
Види ги производите на Philips
Дознај повеќе:
Гледање телевизија од друго ниво – Philips 4K Ambilight TV