AITONIX е една од најголемите компании за IT дистрибуција и изработка на софтверски решенија која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Балкански држави (Бугарија и Србија). AITONIX е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски IT брендови како Acer, Dell Technologies, Lenovo, Lexmark, Motorola, Philips, Xerox итн. Во својата 25 годишна историја компанијата посветено негува бизнис култура базирана на висок квалитет на услугите и професионален однос кон клиентите.
Поради зголемен обем на работа, AITONIX има новоотворена работна позиција за „ACCOUNT MANAGER“. Доколку сте ориентирани кон работа со клиенти, имате познавање на B2B технологиите и искуство во B2B продажбите, ова е вистинската можност за вас!
Одговорности:
- Управување со портфолио на клиенти и грижа за квалитетна и навремена реализација на договорените активности.
- Разбирање на потребите, целите и бизнис очекувањата на клиентите и предлагање соодветни ИТ решенија во координација со останатите интерни томови (ИТ, продажба, поддршка итн).
- Анализа на текот на активностите и проектите и изработка на соодветни извештаи.
- Подготовка на понуди, презентации и извештаи за клиентите.
- Идентификација на нови можности за соработка и дополнителни услуги во рамки на постојните клиенти.
- Следење на пазарните трендови и конкурентските активности релевантни за ИТ индустријата.
- Патување во рамки на државата при потреба.
Нашите барања:
- Најмалку 3 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција.
- Познавање на современи ИТ технологии и решенија поврзани со софтверска имплементација, мрежни и апликативни решенија.
- Способност за разбирање на технички концепти и нивно преведување во решенија прилагодени на потребите на клиентите.
- Одлично познавање на англиски јазик (усно и писмено).
- Завршено високо образование (Информациски и телекомуникациски науки, економија, бизнис администрација или слична област ќе се смета за предност).
- Возачка дозвола „Б“ категорија.
Што нудиме:
- Конкурентна плата и можност за бонуси согласно постигнатите резултати.
- Можности за професионален развој и напредок во рамки на компанијата.
- Работа во позитивна и динамична работна средина.
- Пристап до тренинзи, обуки и работа со современи ИТ решенија.
- Соработка со искусни професионалисти и учество во реализација на комплексни ИТ проекти.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме испратете Ваша биографија (CV) и мотивационо писмо на careers@aitonix.group најдоцна до 06.02.2026, со задолжително наведување на назнака „Апликација за Account Manager“.
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои одговараат на барањата за соодветната работна позиција. Ја очекуваме вашата апликација!


Comments are closed.