Спремни за следното ниво на гејминг?
Lenovo LOQ 15AHP11 носи моќ, брзина и технологија за оние кои не сакаат компромиси.
Без разлика дали сте во средината на најинтензивната гејминг сесија, работите со захтевни апликации или едноставно сакате лаптоп кој може да го следи вашето темпо, Lenovo LOQ 15AHP11 е создаден да одговори на вашите високи очекувања.
Моќ што се чувствува
Lenovo LOQ 15AHP11 доаѓа со AMD Ryzen 7 250 процесор со 8 јадра и 16 нишки, со максимална фреквенција до 5,1 GHz. Во комбинација со NVIDIA GeForce RTX 50 Series графика, подготвен е за сите модерни игри и графички интензивни задачи.
Екран кој го следи секој потег
Кога станува збор за гејминг, брзината е важна. Затоа LOQ 15AHP11 располага со 15,3-инчен IPS дисплеј со 16:10 сооднос, со опција за освежување до 180 Hz.
Резултатот е дисплеј кој не е наменет само за играње – високата резолуција и 100% sRGB покриеност го прават погоден и за гледање содржини, работа со фотографии и секојдневна продуктивност.
Подготвен за долги гејминг сесии
Високите перформанси бараат и добро управување со топлината. Lenovo го опремува LOQ 15AHP11 со HyperChamber Cooling, систем дизајниран да помогне во одржувањето на перформансите при поголеми оптоварувања.
Дополнително, Lenovo AI Engine+ и LA1 AI чипот помагаат во оптимизирањето на системот, додека AMD Ryzen AI кај поддржаните конфигурации носи и AI можности директно во самиот лаптоп.
А со поддршка за до 32 GB DDR5-5600 RAM и до два M.2 SSD диска, LOQ 15AHP11 нуди простор и флексибилност за идни надградби.
Гејминг дизајн со практични детали
Куќиштето му дава модерен изглед, додека RGB осветлувањето на тастатурата додава препознатлив гејминг карактер. Тастатурата располага со 1,6 mm key travel и 100% anti-ghosting, за попрецизно внесување команди во игра.
За комуникација и стриминг е достапна 5 MP камера со E-shutter, а Nahimic Audio се грижи за аудио доживувањето преку стерео звучници.
LOQ 15AHP11 е повеќе од гејминг лаптоп. Тој е комбинација од моќен AMD процесор, RTX 50 Series графика, брз дисплеј и современи AI технологии, спакувани во модерен 15,3-инчен формат.
За гејминг, работа, забава или креирање содржини – LOQ 15AHP11 е подготвен да го следи темпото.
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за целокупното Lenovo портфолио (лаптопи, десктоп компјутери, таблети, смартфони, сервери и корпоративни ИТ решенија). Со повеќе од 25 години искуство во ИТ дистрибуција и развој на софтверски решенија, АИТОНИКС АД претставува доверлив партнер за современи технолошки решенија на македонскиот пазар.
Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group

