Што е ново во Windows Server 2019
Windows Server 2019 е изграден врз силната основа на Windows Server 2016 – која продолжува да се одликува со одличен импулс во усвојувањето на корисниците. Windows Server 2016 е најбрзо усвоената верзија на Windows Server некогаш! Со лансирањето на Ignite 2016 drawing insights и благодарение на повратните информации и телеметрија на производот се работеше напорно за оваа верзија да функционира уште подобро.
Исто така беше поминато многу време со корисниците за да се разберат идните предизвици и во која насока се развива индустријата. Четири теми беа конзистентни – Хибрид, Безбедност, Платформа за апликации и Hyper-converged инфраструктура. Во Windows Server 2019 се содржани бројни иновации за овие четири теми.
Хибридни cloud сценарија:
Знаеме дека преминувањето на cloud кое е често хибриден пристап што комбинира просторни и cloud средини кои работат заедно е всушност она што има смисла за корисниците. Проширување на Active Directory, синхронизирање на сервери за податоци и back up во cloud се само неколку од примерите за тоа што корисниците го прават денес за да ги прошират своите центри за податоци до јавниот cloud. Покрај тоа, хибридниот пристап исто така им овозможува на апликациите да работат во просторот за да ги искористат иновациите во cloud како што се Вештачката Интелигенција и IoT. Хибридниот cloud овозможува долгорочен пристап во иднина, што е токму она што гледаме дека ќе игра централна улога во cloud-стратегиите во предвидливата иднина.
На Ignite настанот во септември 2017 година, беше објавен техничкиот преглед на проектот Honolulu – повторно искуство за управување со Windows и Windows Server. Проектот Honolulu е флексибилна и лесна локална платформа базирана на пребарувач која е решение за сценарија за управување. Една од целите со проектот Honolulu е да се направи поедноставно и полесно поврзувањето на постоечките распоредувања на Windows Server кон Azure услугите. Со Windows Server 2019 и проектот Honolulu, корисниците ќе можат лесно да ги интегрираат услугите како што се Azure Backup, Azure File Sync, disaster recovery и многу повеќе за да можат да ги искористат овие Azure услуги без нарушување на нивните апликации и инфраструктурата.
Безбедност
Безбедноста продолжува да биде главен приоритет за корисниците. Бројот на инциденти со сајбер-безбедност продолжува да расте, а влијанието на истите брзо ескалира. Една студија на Microsoft покажува дека на напаѓачите во просек им се потребни само 24-48 часа за да навлезат во средината откако ќе ја инфицираат првата машина. Покрај тоа, напаѓачите можат да останат во навлезената средина, без да бидат забележани (во просек до 99 дена) според извештајот на FireEye/Mandiant. Microsoft продолжувa да им помага на корисниците да ја подобрат безбедноста со подобрувањето на карактеристиките кои ги соединуваат учењата за водење на центри за податоци од глобален размер за Microsoft Azure, Office 365 и неколку други онлајн услуги.
Пристапот кон безбедноста е во три чекори – Заштитете, Откријте и Одговорете. Во Windows Server 2019 беа воведени безбедносни карактеристики во сите три области.
На фронтот за заштита, беа воведени Shielded VMs во Windows Server 2016 кои беа ентузијастички прифатени од страна на корисниците. Shielded VMs ги штитат виртуелните машини (VM) од компромитирани или злонамерни администратори во мрежата, така што само администраторите на VM можат да пристапат на познати, здрави и атестирани чувани мрежи. Во Windows Server 2019, Shielded VMs сега ќе поддржуваат Linux VM. Исто така, е проширен VMConnect за да се подобри решавањето на проблемите на Shielded VMs за Windows и Linux. Додадени се шифрирани мрежи кои ќе им дозволат на администраторите да ги шифрираат мрежните сегменти со превртување на прекинувачот за заштита на мрежниот слој помеѓу серверите.
На фронтот за откривање и одговарање, во Windows Server 2019 е внесена Windows Defender Advanced Threat Protection (ATP), која обезбедува превентивна заштита, ги открива нападите и zero-day експлоатира меѓу другите способности во оперативниот систем. Ова им овозможува на корисниците пристап до длабоките јадра и мемориски сензори, ги подобрува перформансите, спречува упади и овозможува акции за одговор на серверите.
Платформа за апликации
Клучен водечки принцип за тимот на Windows Server е немилосрдниот фокус и искуството на програмерите. Двата клучни аспекти за повик на заедницата на програмери се подобрувањата на Windows Server containers и Windows Subsystem на Linux (WSL).
Уште со воведувањето на containers во Windows Server 2016, имаше голем импулс во неговото усвојување. Десетици милиони container слики bea симнати од Docker Hub. ОД повратните информации тимот дозна дека помала container слика значително ќе го подобри искуството на програмерите и ИТ професионалците кои ги модернизираат нивните постоечки апликации користејќи containers. Во Windows Server 2019, целта е да се намали основната container слика на Server Core на една третина од моменталната големина од 5 GB. Ова ќе го намали времето за преземање на сликата за 72% и дополнително ќе го оптимизира времето за развој и перформанси.
Продолжувa подобрувањето на достапните избори кога станува збор за оркестрирање на на Windows Server. Поддршката на Kubernetes е моментално во бета верзија, а во Windows Server 2019 се воведуваат значителни подобрувања за пресметување, складирањена податоци и мрежни компоненти на Кubernetes cluster.
Повратните информации што постојано доаѓаат од програмерите е комплексноста во навигациските средини со распоредувањето на Linux и Windows. За да се одговори на ова, претходно беше проширен Windows Subsystem на Linux (WSL) во insider builds за Windows Server, така што корисниците може да користат Linux containers заедно со Windows containers на Windows Server. Во Windows Server 2019, се продолжуваме, со цел да го подобриме WSL, помагајќи им на корисниците на Linux да ги донесат своите скрипти на Windows со користење на индустриски стандарди како OpenSSH, Curl & Tar.
Hyper-converged инфраструктура (HCI):
HCI е еден од најновите трендови во сервер индустријата денес. Според IDC, пазарот на HCI порасна за 64% во 2016 година, а Gartner вели дека ќе биде пазар од 5 милијарди долари до 2019 година. Овој тренд е првенствено поради тоа што корисниците ја разбираат вредноста на користење на x86 сервери со високи перформанси на локалните дискови за да ги задоволат нивните потреби за пресметување и складирање податоци во исто време. Покрај тоа, HCI овозможува флексибилност за лесно проширување на таквите распоредувања.
Корисниците кои бараат решенија за HCI може да користат Windows Server 2016 и Windows Server Software Defined. Развиено во соработка со водечките производители на хардвер во индустријата за да се обезбеди прифатливо, а сепак исклучително робусно HCI решение со валиден дизајн. Во Windows Server 2019 се гради оваа платформа додавајќи скала, перформанси и сигурност. Исто така, се додава способност да се управува со HCI распоредот во проектот Honolulu, за да се поедностави управувањето и секојдневните активности во средините на HCI инфраструктурата.
Конечно, корисниците на Window Server кои користат System Center ќе бидат воодушевени кога ќе дознаат дека доаѓа System Center 2019 и поддржува Windows Server 2019.
Comments are closed.