Компаниите во просек губат 9,5 милиони долари секоја година како резултат на сајбер криминал и оваа огромна бројка продолжува да се зголемува со секоја наредна година. Сајбер криминалот се појавува во разни форми и димензии: пробивање на податоци, украдени уреди, веб-базирани напади итн. Но, сајбер криминалот во форма на малициозен софтвер предизвикува најголема штета за секој бизнис и во просек ги чини компаниите 51.102 долари годишно.
Малициозниот софтвер е збир на програми кои извршуваат несакани задачи од Вашиот компјутер како испраќање на несакани пораки, кражба на лични податоци и слично. Овој софтвер може да го зарази компјутерот со вирус и да ги шифрира сите податоци кои се зачувани во него. Па, дури и да можете да ги вратите податоците, трошоците и непријатностите се големи и значајни. Затоа е подобро да се заштитите отколку подоцна да ја поправате штетата.
Во продолжение прочитајте неколку совети како да ја заштитите Вашата компанија:
- Заштитете ги уредите и внимавајте на мрежата. Уверете се дека сите уреди се up-to-date и имаат ефикасен анти-вирус софтвер и firewalls. Редовно ажурирајте го оперативниот систем и апликативниот софтвер. Следете ги со помош на софтвер за управување, како што е на пример пакетот за корпоративна мобилност и заштита од Microsoft. Инсталирајте софтвер за детекција на веб-натрапници, следење на невообичаено однесување. Напаѓачите може да останат незабележани повеќе од шест месеци, па затоа треба да барате рани знаци на упад, како што се најавување од невозможни локации и автоматско или повторувачко однесување, исто така потребно е да вршите мулти-факторска проверка на пристапот.
- Филтрирајте го Вашиот e-mail и интернет конекција. Користете софтвер за скенирање на малициозен софтвер и скенирање на веб-страниците на cloud или врската помеѓу вашата мрежа и интернетот за да го блокирате малициозниот софтвер пред да стигне до содржината.
- Обучете го персоналот. Хардверот и софтверот се важни, но човечкиот фактор – исто така. Научете ги вработените за ИТ заштита преку периодични курсеви, со посебен фокус на опасностите и ризиците поврзани со отворање прикачени датотеки и сомнителни мејлови.
- Набљудувајте ги апликациите на cloud и внимавајте на неодобрени ИТ ресурси. Правилата за апликациите во cloud, Saas и Bringing Appliance (Bring Your Own Device) создаваат голем предизвик за сите фирми да ги дефинираат стандардите за корпоративна заштита. Прегледувајте го пристапот и применувајте контроли и заштита за да им помогнете на корисниците да се продуктивни во омилените платформи и во исто време заштитени со решение на кое фирмите и администраторите можат да му се доверат.
- Актуелизирајте го планот за ИТ заштита. Со добар и јасен план ќе бидете сигурни дека не пропуштате ништо и дека применувате конзистентен пристап за заштита на Вашиот бизнис.
- Направете резервни копии на податоците. Не треба да плаќате професионалец за дешифрирање на Вашите податоци ако имате друг примерок кој не е заразен со малициозен софтвер.
- Побарајте стручна помош. ИТ заштитата е деловно прашање, но можете да добиете стручни совети за да се справите со техничките детали. Партнерската мрежа на Microsoft може да Ви помогне да развиете, тестирате и имплементирате сеопфатен план за ИТ заштита.
- Користете најнова технологија. Во жестоката трка со развивачите на малициозен софтвер, не можете да си дозволите да заостанувате и да користите застарени технологии. Повеќе за тоа како да обезбедите сеопфатен пристап за заштита на Вашите податоци прочитајте тука.
Comments are closed.