20 years experience in the IT world!

D-Link

AITONIX е официјален дистрибутер на D-Link и нуди на пазарот голем избор на иновативни мрежни решенија.

Со повеќе од 30 години искуство, D-Link е иновативен глобален бренд кој обезбедува наградувани мрежни производи и услуги, без разлика дали се за домашна потрошувачка, бизнис или даватели на услуги.

Од дизајнот на производите, перформансите, па се до поддршката на клиентите, D-Link обезбедува иновации што се препознаваат низ целиот свет.

Види ги производите на D-Link

Нашите предности, кои се основа на долгогодишната соработка со нашите клиенти:

Богато портфолио

IT производи од реномирани светски брендови. Секогаш најнови и конкурентни модели кои одговараат на потребите на пазарот. Контактирајте го нашиот продажен тим и побарајте ја својата понуда.

Оn-stock производи

Благодарение на утврдената политика за нарачки и складирање, можеме да понудиме големо разновидност и количини на производи кои се на залиха.

Конкурентни цени

Адекватните и конкурентни цени се постојан дел од нашата понуда. А долгорочната соработка со нас секогаш ви гарантира најдобрите услови на пазарот.

Промотивни програми

Инсентиви, back бонуси, маркетинг поддршка. Нашите партнери можат да сметаат на долгорочни програми за развој и подршка, кои го стимулираат нивниот бизнис.

Одложено плаќање

Немате можност да го платите веднаш целиот износ на производите кои ви се потребни? Со нашата политика за одложено плаќање тоа нема да биде проблем.

Достава за неколку дена

Ви треба итно да го добиете тоа што го купувате? Со нас тоа не е никаков проблем. Можеме да ја испорачаме робата во текот на денот, на посакуваното од вас место.