Dell го редефинира AI-потпомогнатото компјутерство со нова серија на елегантни лаптопи, моќни работни станици и разновидни десктоп компјутери, создадени за лична и професионална употреба. Со поедноставена понуда, сега е полесно од кога било да се избере вистинскиот AI PC благодарение на трите категории:
- Dell – Дизајниран за забава, учење и работа.
- Dell Pro – За професионална продуктивност.
- Dell Pro Max – За максимални перформанси.
Dell Pro: Безвременски дизајн и бизнис моќ
Серијата Dell Pro носи врвни деловни лаптопи и десктопи со процесори Intel Core Ultra (Series 2, V и U SKUs) и AMD Ryzen, кои нудат подобрени AI способности, продолжен век на батеријата и напредна безбедност. Овие уреди се дизајнирани за професионалци кои бараат мобилност, издржливост и непречена продуктивност во канцеларија, дома или во движење.
- Dell Pro 13/14 Premium – Ултра-лесни лаптопи со тежина од само 1. 070 грама, до 21.2 часа траење на батеријата и 51% подолг век на траење во споредба со претходните модели. Нудат 36% побрзи перформанси и 3.5 пати побрз AI од претходната генерација. Опремени со 8MP HDR камера за напредна соработка и нов двоен вентилаторски систем за тивко работење, овие лаптопи ги поставуваат новите стандарди во мобилната продуктивност.
- Dell Pro 13/14/16 Plus – Најскалабилниот лаптоп за деловна употреба, достапен во повеќе конфигурации и форми (стандард и 2-во-1), со големини од 13, 14 и 16 инчи. Нуди 50% рециклиран алуминиум и поддршка за USB, HDMI, Thunderbolt, 5G и Wi-Fi 7 за максимална поврзаност. Опремен е со просторен 16:10 дисплеј за поголема продуктивност и мултитаскинг, како и MIL-STD тестирање за издржливост во најразлични работни средини.
- Dell Pro 14/16 – Основниот модел во Dell Pro серијата, дизајниран за секојдневна продуктивност со ниска потрошувачка на енергија и долготрајна батерија. Достапен со металик финиш во сребрена и магнетит (темно сива) боја, со опција за енергетски ефикасен дисплеј што го продолжува времетраењето на батеријата.
- Dell Pro десктопи – Достапни во микро, тенок и tower дизајн, овие десктопи користат Intel Core Ultra (Series 2, U SKUs) и AMD Ryzen процесори, овозможувајќи подобра енергетска ефикасност и AI-оптимизирани перформанси. Со можност за професионални графички картички и напредни можности за поврзување, тие се совршени за канцелариски и креативни работни опкружувања.
Dell Pro Max: Моќ за интензивни работни задачи
Dell Pro Max е создаден за најсложените апликации, со напредни процесори и професионални графички решенија за AI задачи и дизајн. Оптимизиран за инженери, архитекти и аналитичари на податоци, овие уреди овозможуваат непречена работа со комплексни софтверски апликации и машинско учење.
- Dell Pro Max 14/16 – Лесен и модерен дизајн со поддршка за NVIDIA RTX 2000 Ada Generation Laptop GPU. Новиот 16-инчен модел нуди QHD+ резолуција, 16:10 аспект со опционален екран на допир, овозможувајќи врвни визуели за дизајнери и инженери.
- Dell Pro Max десктопи – Овие прилагодливи десктоп компјутери поддржуваат различни индустриски апликации, како што се архитектура, дизајн, графика, анализа на податоци и овозможуваат полесни AI задачи. Достапни во микро, тенок и tower дизајн, овие десктопи нудат професионална графика NVIDIA RTX и AMD опции за моќни и сложени работни процеси.
Одржливост и лесно управување
Dell продолжува да ја потврдува својата посветеност на одржливиот развој преку низа иновативни иницијативи. Модуларниот USB-C порт е до четири пати поиздржлив и полесен за поправка, што значително ја намалува потребата од сервисирање. Модуларната главна плоча и I/O плочи ја подобруваат одржливоста на сервисирање и придонесуваат за намалување на електронскиот отпад. Новите батерии, кои содржат 80% помалку кобалт, се поеколошки и поодржливи за иднината. Дополнително, користењето на 50% рециклиран алуминиум, рециклиран челик и био-базирана пластика помага во намалување на емисијата на јаглерод и минимизирање на влијанието врз животната средина..
Dell PC: Совршени за мултитаскери
Dell нуди и уреди за корисници надвор од деловното опкружување. Новите Dell 14 Plus & 16 Plus лаптопи нудат балансирана продуктивност и флексибилност, со AI-поддршка и 39% подолг век на батеријата. Овие уреди се за 14% потенки и нудат напредни можности за мобилна работа. Опремени со Copilot+ PC технологии, тие го подобруваат начинот на работа со AI-асистирани функции за побрзо завршување на задачите.
Иднината на Dell AI PC
Dell наскоро ќе го прошири своето портфолио со повеќе AMD и Snapdragon X Series процесори, како и нови уреди во основниот и премиум сегмент. Со подобрен дизајн, нови технологија и врвна продуктивност, Dell AI PC платформите поставуваат нови стандарди за модерното работно опкружување.
За повеќе информации, посетете ја официјалната CES 2025 страница на Dell.
AITONIX АД е официјален дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за сториџи, сервери, back up решенијиа како и commercial сегментот, бизнис производи лаптопи, десктопи, монитори итн. Dell Technologies им помага на организациите и поединците да ја градат својата дигитална иднина и да го трансформираат начинот на кој работат, живеат и играат. Компанијата им нуди на клиентите најшироко и најиновативно портфолио на технологија и услуги во индустријата за ерата на податоци.
За повеќе информации во врска со уредите од Dell Technologies, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС на 02 329 83 38 или на email адреса sales@aitonix.group.
Comments are closed.