Перформанси и интелигенција прилагодени на твојот стил. Создадени за тебе, со одржлив дизајн, новите десктопи од Dell OptiPlex семејството се твојот совршен бизнис партнер.
Најинтелигентните и најбезбедните комерцијални компјутери во светот имаат сѐ што ви е потребно за професионално работење. Од приспособливи држачи и камери, до безжични тастатури и мауси. Со персонализирани конфигурации, неверојатни дисплеи и додатоци за заштеда на простор – Dell OptiPlex го има вистинскиот избор за сечии потреби!
All-in-One компјутери – со нов елегантен дизајн и супер безбедносни перформанси, создадени за комфорна работа со стил.
Micro – супер компактни десктопи со најразлични можности за монтирање кои ослободуваат простор на работното биро.
Small Form Factor – балансирана компактна големина и моќни перформанси.
Tower – десктоп компјутери со најдобра графика и перформанси во својата класа.
XE4 Tower and XE4 Small Form Factor – десктоп компјутери со долг животен циклус кои нудат извонредна продуктивност во индустриски средини.
Надоградени со Dell Optimizer, единствениот вграден софтвер базиран на вештачка интелигенција кој учи и се прилагодува на начинот на работа, Dell OptiPlex десктопите нудат решенија кои ги задоволуваат сите работни барања.
- Интелигенција која те опкружува: Автоматско персонализирање и зголемување на перформансите на твојот OptiPlex и неговиот целосен екосистем;
- Персонализирани перформанси: Интелигентното и машинско учење ја зголемува продуктивноста со автоматските перформанси надвор од твојот компјутер, низ твојот целосен екосистем.
- Интелигентна соработка: паметни аудио конференции, функции за поврзување и продуктивност – сè во еден софтвер.
- Сигурни и безбедни: Со Dell Optimizer, вештачката интелигенција и машинското учење собираат и анализираат податоци локално во системот. Оптимизацијата и собирањето податоци следат строг процес за да се обезбеди твојата приватност и безбедност – користејќи податоци за постојано подобрување на искуството. Ниту еден личен податок не се испраќа и користи без твоја согласност.
Паметен и еколошки – одговорен дизајн
OptiPlex е првиот производ од Dell направен од рециклирана пластика во 2007 година. Денес, OptiPlex содржи до 60% рециклиран материјал, ги исполнува спецификациите Energy Star 8.0 и има повеќе од 50 производи регистрирани во EPEAT.
Веќе 30 години верен партнер
Десктоп компјутерите OptiPlex се изградени со 30 години иновации предводени од клиентите и докажана сигурност. OptiPlex е пионер во тестирањето на квалитетот и инвестира во сигурни искуства со одржливи компоненти, изградени да траат и да работат. Плус, вградените и опционални безбедносни решенија го прават OptiPlex дел од најбезбедните компјутери во светот.
За повеќе информации во врска со уредите контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС или пишете на следната email адреса: sales@aitonix.mk
Comments are closed.