Минатата недела во Берлин се одржа IFА, најголемиот светски настан за потрошувачка електроника и домашни апарати. Учество земаа 1814 изложувачи кои привлекоа 245 000 посетители, а за огромниот спектар на иновации и технолошки трендови известуваа новинари од 75 земји.
Иако очекувавме, сепак неможевме да не бидеме импресионирани од големиот број на одлични паметни часовници, смартфони, chromebooks и останати уреди со неверојатни перформанси. Особено застапени беа OS и Android One, но нови производи имаше во речиси секоја област и оперативен систем.
Lenovo доби повеќе од 40 награди со што докажа дека продолжува да биде лидер во полето на иновациите. Топ производи кои Lenovo ги претстави беа Yoga C930, Yoga Book C930, Star Wars: Jedi Challenges – светлосен меч, ThinkPad X1 Extreme, Lenovo Smart Display со Google Assistant и 3 Smart home essentials. Оваа година вниманието на сите беше привлечено од новиот Yoga Chromebook – уникатен со својата големина, одличен квалитет на изработка и high-end спецификации. Motorola претстави два нови модели на смартфони – motorola one и motorola one power. Двата смартфони работат со Android One софтвер, овозможувајќи 3 години безбедносни ажурирања, повеќе можности на камерата и вклучени moto experiences ексклузивни функции. Acer го започна IFA претставувајќи го неверојатното Acer Predator Thronos гејминг столче и учествуваше со голем број на уреди, меѓу кои нови модели на Aspire и Swift, нови Mixed Reality слушалки и притоа го искористи овој евент како одлична можност да најави премиум Chromebook – претставувајќи го Chromebook 514.
Беа претставени и многу други иновативни производи од многу врвни брендови. Видовме многу. Дознавме многу. Големиот број на ко-иновации, вештачка интелигенција, препознавање на глас и зголемената популарност на паметните уреди и оваа година овозможија едно неверојатно успешно издание на IFA. Со нетрпение го очекуваме следното!
Comments are closed.