За да остане конкурентна и да опстојува во бизнис светот секоја организација треба да го одржува и поттикнува својот раст и развој, а за да го направи тоа мора да ја прифати ИТ трансформацијата.
На 06.06.2018 во ТЦЦ Гранд Плаза, DellEMC и AITONIX во заедничка соработка одржаа настан под името Workforce & IT Transformation со цел да ги запознаат своите партнери и соработници со ИТ трансформацијата и ефективните начини со кои може да се внесат иновативни ИТ решенија во бизнисот.
Во првата сесија беше пошироко објаснет процесот на ИТ и Workforce трансформација и беа претставени повеќе начини како истите може да се забрзаат со помош на напредната DellEMC технологија која е лесна за менаџирање и безбедна за користење. Се запознавме со иновативниот дизајн на најновите уреди со процесори од последната генерација на Intel®, заедно со новите модели на монитори и дополнителна опрема.
Во втората сесија фокусот беше ставен на новите PowerEdge 14G модели на сервери и Dell EMC Storage како и напредното едноставно усвојување на Hyper-Converged инфраструктурните решенија.
Процесот на ИТ трансформација му помага на бизнисот да постане целосно дигитален, отварајќи притоа нови можности за повеќе иновативни проекти. Компаниите кои го завршуваат процесот на ИТ трансформација добиваат: до 29% пониски трошоци со hybrid cloud, 150% повисока продуктивност на вработените и 3 пати поголема веројатност за постигнување на деловните цели.
“Денес со нашите партнери од DellEMC ги претставивме начините на ИТ трансформација кои може да се имплементираат во македонскиот бизнис. Верувам дека овој настан ќе даде одлични идеи на сите присутни и ќе им помогне да го унапредат својот бизнис.” изјави Саша Ристеска, продукт менаџер за DellEMC во AITONIX.
Comments are closed.