Зголемете ја вашата професионална моќ со неверојатни перформанси и револуционерна AI технологија. Создаден за професионалци кои работат во движење, ThinkPad X1 Carbon Gen 12 ги комбинира најновите технологии за продуктивност и безбедност со елегантен и лесен дизајн.
12-тата генерација ThinkPad X1 Carbon може да се пофали со моќни Intel® Core™ Ultra процесори, дизајнирани да ги подобрат перформансите на графиката и способностите на вештачката интелигенција. Интегрираните Intel® Arc графики овозможуваат двојно зголемување на перформансите, осигурувајќи беспрекорно работење, збогатено визуелно искуство и максимална брзина на кодирање без било какво забавување. Додека, 42% поголемата термална способност обезбедува континуирани перформанси при подолги работни сесии без прегревање.
Забрзајте ја работната ефикасност со најсовремената Computer Vision технологија и иновативната Face Sensing функција која го активира лаптопот при откривање на регистрирани корисници. Искусете ја синергијата на форма и функција со 14-инчен екран со 89,20% screen-to-body сооднос и 2.8K OLED дисплеј, кој обезбедува одличен простор за гледање.
Персонализирана контрола и беспрекорна функционалност
Преработената тастатура со тактилни ознаки ја подобрува точноста на типкањето и го олеснува маневрирањето за лицата со оштетен вид. Подобрениот TrackPad со опционален Haptic TouchPad обезбедува прецизна навигација со AI прилагодување и подобрен алгоритам за одбивање на дланки, што го прави компјутерското искуство поинтуитивно. А функцијата Flip to Start овозможува брз пристап и стартување на лаптопот, додека Fingerprint автентикацијата на тастатурата нуди безбедно и лесно логирање.
Дизајниран за оптимална функционалност, овој елегантен лаптоп зрачи со софистицираност, обезбедувајќи ги перформансите кои ви се потребни за моќна продуктивност во движење!
АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Lenovo во Македонија за лаптопи, таблети, смартфони, десктоп компјутери и сервери. Вршиме големопродажба и нудиме широко портфолио од Lenovo производи кои одговараат и на највисоките барања. Lenovo е глобален лидер во создавањето на иновативни технологии за сите сектори – крајни корисници, мали, средни и големи компании.
За повеќе информации во врска со Lenovo уредите, разгледајте онлајн на нашиот webshop, контактирајте го продажниот тим во АИТОНИКС или на email адреса sales@aitonix.group.
Comments are closed.